Дневниот весник„Капитал” уште една недела ќе излегува во печатено издание, а потоа ќе постои само во електронска форма.
Сопственикот и главен и одговорен уредник на „Капитал”, Љупчо Зиков вели дека весникот не е пред затворање, туку ќе продолжи да функционира во електронска форма.
Од 9.000 читатели, дури 90 отсто го читаа весникот на порталот, а останатите во печатена форма. Затоа донесовме деловна одлука да направиме електронски дневен весник, кој ќе ги нуди сите досегашни содржини, на ист број страници – вели Зиков.
Тој додава дека одлуката е чисто деловна и дека политиката не вмешала прсти во планот за тоа како понатаму весникот да биде достапен до читателите.
Не се менуваат газдите, не се менуваат вработените, не сме во конфликт со власта, ниту, пак, имаме притисок од власта. Имаме само идеја: со која сакаме да го направиме најдобриот портал досега – истакнува Зиков, кој додава дека за почеток електронскиот весник ќе биде бесплатен, а за подоцна ќе покаже времето.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Фокус Дневен
Датум на Објава: 31.05.2012