Свечено пуштена во употреба клучката што го поврзува скопскиот аеродром Александар Велики со автопатот Александар Македонски.
Клучката значи модерен, побрз и поедноставен пристап до терминалите, а треба да овозможи и поголем број на патници.
Инвестицијата чини 2,2 милиони евра. Таа е последната обврска од договорот на концесионерот ТАВ кој во проектот учествува со 1,5 милиони евра, а останатите средства ги обезбеди државата.
За 120 илјади е зголемен бројот на патници на Александар Велики споредено со истиот период лани, односно за 27 отсто повеќе во првиот квартал годинава. Се очекува нивната бројка да достигне до 1 милион со меѓународниот повик за субвенционирање на авиокомпанија која ќе отвори дополнителни директни линии до различни европски дестинации.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PtW6nOTJRik
Превземено: Канал 5
Датум на објавата: 21.04.2012
Термин: 18.20 часот
Автор: Љупка Камчева