ЏаБест, Нов При-пејд Бренд На ONE

/, Телекомуникации/ЏаБест, Нов При-пејд Бренд На ONE

ЏаБест, Нов При-пејд Бренд На ONE

Од денес 23-ти мај, телекомуникацискиот оператор ONE лансира нов иновативен при-пејд производ млади во духот и кои ќе ги препознаат неговите единствени придобивки. Најавените билборди и рекалами за кои на никој не му беше јасно за што всушност станува збор. „ЏаБест“ има сосема ново пакување и СИМ картичка која чини само 99 денари со вклучени разговори од 100 денари. Може да се купи и како при-пејд пакет со телефон.

ЏаБест е наменет за младата популација, но и за сите оние кои се чувствуваат така. 1000 минути за бесплатни разговори секој месец помеѓу корисниците на ЏаБест тарифниот модел. Најконкурентна тарифа од само 2,9 ден/мин за повици кон сите национални мрежи и најниски цени за СМС и интернет од само 2,9 денари. Дополнително, сите корисници на ЏаБест имаат можност за активација на најповолниот неделен пакет со кој за само 79 денари добиваат 500 минути и 500 СМС пораки во мрежата на ONE, како и 500 MB супер брз 3G интернет сообраќај.

„ЏаБест е модерен производ со уникатен и препознатлив идентитет, своја визија и единствена филозофија. ЏаБест е инспириран од комуникациските навики и животниот стил на младите, а неговото име е асоцијација на најдобра и најевтина комуникација креирана да ги задоволи специфичните комуникациски потреби на младата популација и на сите кои се чувствуваат млади“, изјави на прес конференцијата Генералниот извршен директор на ONE, г. Цирил Кафол.

„Немаше поента да го создадеме ЏаБест доколку не го направевме поинаков од другите. Новиот производ не е само нов тарифен модел со вклучени минути, СМС и супер брз 3G интернет, ЏаБест е конципиран да биде многу повеќе од комуникација“, изјави Директорот за продажба и маркетинг на ONE, г. Методија Мирчев.

Со лансирање на овој производ, ONE го збогатува своето портфолио на производи кои се внимателно и сегментирано дизајнирани да одговорат на различни профили на корисници на пазарот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=fHv3QmaKhdI

[custom_frame_center]ЏаБест, нов при-пејд бренд на ONE[/custom_frame_center]

 

Извор: www.backstage.com.mk

Датум на објава: 23.05.2012

By | 2012-05-23T14:51:03+00:00 23/05/2012|Економија, Телекомуникации|