Фирмите со над 100 вработени имаат уште месец и половина за да го прилагодат своето работење на законот за здравствена заштита кој им налага во рамки на компанијата да отворат мини амбуланта. Во организацијата на работодавачи не слушнале за оваа обврска, но сметаат дека тоа ќе биде дополнителен товар за фирмите.
Министерството за здравство почна да ги известува фирмите со 100 и повеќе вработени дека треба да организираат здравствени пунктови и да набават дефибрилатори до 1 јуни. Според новиот закон за здравствена заштита компаниите треба да одредат 5мина од вработените кои откако ќе ги обучи министерството ќе управуваат со апаратот за оживување. Засегнатите фирми неофицијално веќе се организираат и бараат начин како да го решат овој проблем. Според организацијата на работодавачи пак ова одредба од законот нема да биде применлива бидејќи не биле консултирани сите засегнати страни.
-Ние како организација не сме биле информирани за работи за кои задолжително постои обврска во спогодбата потпишана со Владата да бидеме известени, објаснува првиот човек на организацијата на работодавачи Димитар Стојановски.
Стојановски тврди дека ова ќе биде уште една сопка за помалите фирми. Тој не ја исклучува можноста некои компании да го намалат бројот на работници на помалку од 100 за да ја одбегнат оваа законска обврска.
-Како да се сака да се зголеми не само теретот туку и би рекол се поголемата брзина на блокирани жиро сметки на организациите кои ќе се затворат посебно во една ваква тешка ситуација, додава Стојановски.
Измените на законот за здравствена заштита стапија на сила на почетокот на овој месец.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AKowbooSw6Y
Превземено: Алфа
Датум на објавата: 17.04.2012
Термин: 19.00 часот
Автор: Елена Ставровска