Гимназијата НОВА доделува стипендии

//Гимназијата НОВА доделува стипендии

Гимназијата НОВА доделува стипендии

Меѓународното училиште НОВА и Фондацијата “Борис Трајковски” и оваа година ќе доделат три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија.

Условите за конкурирање опфаќаат солидно познавање на англиски јазик и математика, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од класен раководител и наставник по избор. При селекцијата, на кандидатите ќе им биде зададена тема за есеј и ќе бидат спроведени тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математика.

Рокот за поднесување на апликации е од 4 до 21 март, а подетални информации во врска со конкурсот може да се добијат на интернет-страницата на НОВА, www.nova.edu.mk, или во администрацијата на училиштето. Тестирањето ќе се одржи на 23 март.

Партнерството помеѓу НОВА и Фондацијата “Борис Трајковски” беше основано како резултат на тесната соработка помеѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски, како и поради фактот што филозофијата на работење на НОВА и нејзините воспитувачи беше во иста линија со вредностите и верувањата на претседателот Трајковски. Програмата започна во 2005 година и досега презентираше пет успешни генерации матуранти кои своето образование го продолжија на врвни американски и европски универзитети како што се: Харвард, Принстон, Јеил, Оксфо Гронинген и Лајден.

[custom_frame_center]Гимназијата НОВА доделува стипендии[/custom_frame_center]

Извор: Вечер

 Датум на објава: 08.03.2013

By | 2013-03-08T14:49:36+00:00 08/03/2013|Образование|