Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори

//Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори

Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори

За разлика од инвеститорите, граѓаните во земјава голем интерес пројавуваат за вградување на сончеви колектори во своите домови. Токму од овие причини Министерството за економија и годинава продолжува со субвенционирање на домаќинствата, бидејќи со овие колектори користејќи ја сончевата енергија ќе овозможат затоплување на санитарната вода. За таа цел од државната каса за годинава се одвоени 6 милиони денари, при што од овие пари ќе се надоместат 30% од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски, односно по 300 евра во денарска противвредност по домаќинство. Годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом за 8 месеци заштедува околу 2.400 киловатчасови струја, а тоа на годишно ниво е 8.400 денари.

Во саботата Министерството за економија организираше јавно извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство, по четвртиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2012 година. Овој повик траеше до 31 мај.

Секое четврто семејство кое аплицираше за субвенции за сончеви колектори доби пари од државата. Од примените 2 илјади барања преку јавно извлекување се избраа 480 семејства кои вградиле сончеви колектори од почетокот на февруари до крајот на мај годинава. Оние кои допрва сакаат да аплицираат за субвенции сметаат дека Владата треба финансиски да им помогне на семејствата без разлика кога ги поставиле сончевите колектори.

Владата годинава одвои 96 илјади евра за субвенции за сончеви колектори. Секое семејство доби третина од вложените пари, но не повеќе од 300 евра. Досега државни пари за колектори добиле 1.420 домаќинства.

Исто така, на градскиот плоштад „Македонија„ се одржа отворен ден под мотото „Сакам сончев колектор„ организиран од проектот на Европската унија „Проширување на употребата на термалните сончеви колектори преку успешни модели„ како дополнителна поддршка на владината кампања за субвенционирање на сончеви колекторски системи во домаќинствата.

[custom_frame_center]Граѓаните Заинтересирани за Вградување на Сончеви Колектори[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 11.06.2012

By | 2012-06-11T07:40:59+00:00 11/06/2012|Македонија|