Компанијата „ОРКА ХОЛДИНГ“ денеска го потпиша купопродажниот договор за преземање на медиумската групација Медиа Принт Македонија, од Австриската компанија „Ост Холдинг“, членка на WAZ групацијата, со што и официјално стана сопственик на весниците „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“, магазинот „Теа“ и на Графичкиот центар.
Јордан Камчев, главен оперативен извршен директор на „Орка Холдинг“, на прес-конференција рече дека цената на чинење на весниците и печатницата е деловна тајна и најави развојни планови во насока на подигнување на квалитетот и одржување на стабилна позиција на пазарот, како и зголемување на бројот на вработените. Визијата на „Орка Холдинг“ е континуирано известување во квалитет, иновација и професионалност.
Нашите стратегиски определби и развојни планови се во насока на подигнување на квалитетот и одржување стабилна позиција на пазарот на трите најтиражни весници во Македонија и семејниот магазин „Теа Модерна“. Она што е од посебно значење, кога станува збор за идните планови на МПМ е вложување во нови новинарски продукти, задржување на постоечкиот кадар и негово проширување со цел да одговориме на потребите за современ начин на информирање, изјави Камчев.
Новитет kjе биде и содавањето на информативни интернет портали, кои по својот графички дизајн, понуда на информации и комуникација со читателите, според Камчев kjе бидат рамо до рамо со светските онлајн информативни изданија. – Наша цел е да го зголемиме тиражот на веkjе докажаните брендови, но подеднакво важно за компанијата kjе биде инвестирано во нови брендови, рече Камшев.
Како дел од идните планови на новиот сопственик се и вложувањето во нова опрема и модернизација на Графичкиот центар со цел да стане регионален печатарски центар. Најавена е и изградба на нова зграда во која kjе бидат сместени сите редакции на МПМ, која Камчев ја нарече „куkjа на печатот“.
Урлик Хелшнер од името на медиумската групација ВАЦ рече дека повлекувањето од македонскиот медиумски пазар е дел од вкупната стратегија на компанијата за повлекување од пазарот на ЈИЕ. Притоа изрази надеж дека континуирано kjе се развива моделот на МПМ базиран на синергија на одделните компании што ја сочинуваат групацијата.
Управител на компанијата МПМ останува Срgjан Керим
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.telma.com.mk
Датум на објава: 18.04.2012