Јајцата за Велигден Малку “Заразени”

//Јајцата за Велигден Малку “Заразени”

Јајцата за Велигден Малку “Заразени”

Јајца со салмонела се продават по пазарите. Неофицијално 5 помали фарми кои имаат проблем со бактеријата пуштаат јајца во промет.

Според информациите до кои дојде Сител две од фармите се во скопско и јајцата ги продаваат на зелените пазари. Кај поголемите капацитети пак засега не бил регитриран овој проблем.

Од агенцијата за храна и ветеринарство немаат официјален став, но инфомацијата не ја негираат.

Каква е безбедноста на јајцата произведени во домашните капацитети што граѓаните ќе ги купуваат од пазарите за велигден не се знае.

Едно е сигурно јајца од увоз годинава нема да има а истите ќе бидат и поскапи за три денари во просек.

Само два типа на бактеријата салмонела се опасни шпо здравјкето на луѓето, но дали токму тие се сместиле и во домашните фарми никој не објавува.

И јајца со салмонела добиена за време на превентивната вакцинација завршувале на пазар. Никој не прави застој во продажбата додека трае каренцата на лекот.

Годинава за Велигден ќе се фарбаат само јајца од домашните фарми кои ќе бидат и поскапи за некој денар.

Дневното производуваме околу еден милион а речиси 20 проценти од јајцата се произведуваат во помалите фарми.

[custom_frame_center]Јајцата за Велигден Малку "Заразени"[/custom_frame_center]

Превземено: www.sitel.com.mk

Датум на објавата: 03.04.2012

Автор: Борче Пауновски

 

 

By | 2012-04-04T04:44:21+00:00 04/04/2012|Македонија|