105 стана во државна сопственост во Аеродром и во Капиштец ќе се продаваат со јавно наддавање. Министерот Јанакиевски убедува, планираните инфраструктурни проекти нема да бидат откажани. Државата и годинава ќе гради комерцијални и станови за млади брачни двојки.
460 милиони денари се скастрени од буџетската каса на министерството за транспорт и врски. Јанакиевски уведува дека планираните инфраструктурни проекти нема да бидат откажани.
Ќе има мало задоцнување но нема воопшто да има запирање. Така да дел од средствата што ќе бидат скратени оваа година ќе бидат предвидени во наредната година и тоа ќе се стави во развојниот дел на буџетот, рече Јанакиевски.
И годинава државата ќе гради и комерцијални и станови за млади брачни двојки. За 105 станбени единици во државна сопственост објавен е оглас. Ќе бидат продадени по пат на јавно наддавање. 55 во Аеродром и 50 на Теодосиј Гологанов.
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 795 евра за 1 метар квадратен. А чекорнот наддавање ќе биде по 1 евро по м2. Што се однесува за втората група на станови кои се на Теодосиј Гологанов е 990 евра, односно 1.100 евра по метар квадратен, изјави Миле Јанакиевски.
Становите се купуваат и во проектот Купи куќа купи стан, преку кој за месец и пол се продадени 57 државни станови.
За новите во реонски центар Аеродром кои што се со 795 евра по квадратен метар. Интересот е огромен во периодот кој што следи. Во наредните 10 дена ќе бидат објавени и остатокот на становите како што кажа министерот околу 200 други станбени единици кои што ќе бидат објавени, вели Цветко Грозданов.
Во тек е проектирање на овјекти со 42 стана во Скопје и 58 во Велес за млади брачни двојки и за самохрани мајки. До 28 април треба да заврши објавениот оглас за распределба на 70 стана во Битола и 3 во Скопје наменети за оваа ранлива категорија граѓани.
httpv://www.youtube.com/watch?v=dNDV3ws7lUM
Превземено: МТВ 1
Датум на објавата: 19.04.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Сузана Фиданска Стоевска