Казна од 250 до 2.000 Евра ако ви Побараат Фотокопија од Лична Карта

//Казна од 250 до 2.000 Евра ако ви Побараат Фотокопија од Лична Карта

Казна од 250 до 2.000 Евра ако ви Побараат Фотокопија од Лична Карта

[custom_frame_right][/custom_frame_right] Мобилните и кабелските оператори, банките, институциите компаниите со кои се склучува договор за некаква услуга веќе нема да смеат да бараат фотокопија од лична карта при поднесување некои документи, барања, жалби, ниту да ја задржуваат при влез во некоја институција, зошто ќе бидат казнети.

Ова е предвидено во измените на Законот за личните карти, кој е влезен во собраниска процедура, а во кој се предвидени и ригорозни казни за прекршителите. Ова се прави по барање на Дирекцијата за заштита на личните податоци чии инспекциски контроли утврдиле дека непотребно се собираат и се чуваат копии од лични карти, без законска основа за тоа, пишува дневниот весник “Дневник“.

Во измените, како што пишува весникот, се предвидени ригорозни казни за прекршителите на законот. Глобите се движат од 250 до 2.000 евра во денарска противвредност. Така, за задржувањето на личната карта глобата изнесува 1.000 евра, а се казнува и одговорното лице во фирми или службено лице во органите на државната власт со глоба од 350 евра, додека глобата за контролорот-физичко лице изнесува 250 евра.

Од Дирекцијата објаснуваат дека фотокопија од личната карта може да се задржи само во случаи утврдени со закон. Тоа го дозволува Законот за домувањето при склучување договор за продажба на стари станови, потоа Законот за спречувањето перење пари и финансирање тероризам, заради следење на потеклото на парите, Законот за постапувањето со бесправно изградени објекти, при поднесување барање за утврдување правен статус за станбени згради, како и Законот за основањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за баратели, односно корисници на финансиска поддршка.

[custom_frame_center]Казна од 250 до 2.000 Евра ако ви Побараат Фотокопија од Лична Карта[/custom_frame_center]

Превземено: www.tocka.com.mk

Датум на објавата: 03.11.2012

By | 2012-11-05T04:48:04+00:00 05/11/2012|Македонија|