Кој ќе Биде Македонскиот Радиски Хит за 2012?

//Кој ќе Биде Македонскиот Радиски Хит за 2012?

Кој ќе Биде Македонскиот Радиски Хит за 2012?

Петнаесет македонски изведувачи вечерва во Универзална сала ќе се борат на избор за радиски хит на годината на петтото издание на македонскиот радиски фестивал „МАРС 2012″. Почетокот на изборот е во 20.30 часот.

Од околу 600 селектирани песни испеани од стотина домашни изведувачи, по пат на пристигнатата радиоселекција, 15те најзастапени хита во македонскиот радиоетер ќе се најдат во вечерашното финале на „МАРС 2012″.

За радиски хит на годината ќе се борат Тамара Тодевска со „Можеш ли”, Мартин Мила „Вива ла Македонија”, Кристина Арнаудова „Само еднаш”, групата „Ај кју” со „Иста патека”, момците од „Нокаут” со „Знаеш каде да ме најдеш”, Влатко Лозановски „Нема ден нема ноќ”, Александар Белов со „Јасно е како ден”.

Во изборот ќе учествуваат и групата „Пеперминт” со темата „Ако”, Димитар Андоновски со „Добро ме познаваш”, Тара „Овие денови”, дуото „Некст тајм” со „Лице од рај”, Биба Додева со „Прашај ме” и Влатко Илиевски со „Мојата самовила”.

Во ревијалниот дел на „МАРС 2012″ ќе се појават фронтменот на „Парни ваљак”, Аки Рахимовски и популарното дуо од Србија, „Фламингоси”.

На изведувачот, чија песна ќе биде прогласена за радиски хит на 2012 година, ќе му биде доделена парична награда од 60.000 денари и бесплатно да ја користи Универзална сала за свој солистички концерт до крајот на 2013 година.

Домаќини „МАРС 2012″ ќе бидат водителите Дијана Гогова и Марко Марк.

[custom_frame_center]Кој ќе Биде Македонскиот Радиски Хит за 2012?[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен

Датум на објавата: 22.11.2012

By | 2012-11-22T09:19:38+00:00 22/11/2012|Македонија|