Конференција за бизнисизвонредност

/, Телекомуникации/Конференција за бизнисизвонредност

Конференција за бизнисизвонредност

Прв пат во земјава кон крајот на месецов ќе се одржи Конференција за подобрување на работењето на компаниите.

На едно место ќе се соберат претставници од академската средина, бизнисмени, институции, комори и консултанти. Повеќе од 30 исклучителни говорници, експерти ќе бидат достапни за дискусија и за размена на знаење и искуство се со цел компаниите и менаџментот да ги подобрат своите перформанси и да се постигне извонредност во работењето. Целта е да се подобрат перформансите на компаниите, но и на самите менаџери.

Меѓу експертите ќе бидат Димитриос В. Николаидис, експерт за маркетинг, менаџмент и односи со јавност, од Универзитетот Шефилд во Солун, Денис Л. Вилцбџ, еден од најпознатите светски ПР-експерти на светско ниво, актуелен советник на американскиот претседател Барак Обама, Владимир Димитров, експерт за бизнис и технолошки стратегии, особено во менаџирање на релации со клиенти, со успешни проекти во „Бритиш телеком”, „Т-мобиле” и „Турксел”, Веран Матич, сопственик на ра-диотелевизија Б92, Тауно Кекале, експерт за управување со квалитет и иновации, кој има 25-годишна научна, истражувачка и консултантска дејност посветена на имплементација на новите технологии и управување со квалитет.

Конференцијата ќе се одржи во организација на Уна Логика, Европскиот центар за мир и развој на Универзитетот за мир основан од ОН и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а во поддршка на Министерството за образование и наука.

[custom_frame_center]Конференција за бизнисизвонредност[/custom_frame_center]

Извор: Утрински Весник

Датум на обајава: 21.05.2012

By | 2012-05-21T08:52:21+00:00 21/05/2012|Економија, Телекомуникации|