Корчагинци Со Мјузикл Пред Скопската Публика

/, Македонија, Музика/Корчагинци Со Мјузикл Пред Скопската Публика

Корчагинци Со Мјузикл Пред Скопската Публика

Мјузиклот „Кревет” на театарската дружина на средношколците од гимназијата „Раде Јовчески Корчагин” на Фестивалот за аматерска драма во Кочани, беше еден од најзабележителните претстави и заедно со аплаузот и овациите од публиката, ја освои престижната награда од жирито за најмасовна, колективна игра. Во театарскиот перформанс, скопската публика ќе има можност да ужива вечерва од 20 часот во Универзалната сала.

Ова е навистина голема награда за нашите ученици, но и за наставниците и доказ дека сме најдобри во се. Имено, во нашата гимназија која секоја година го потврдува првото место по знаење во цела држава, многу се полага на сестраната едукација на учениците од сите области со цел да се формираат комплетни личности, вели директорот Драган Арсовски.

Мјузиклот „Кревет” претставува приказна која е еднакво комична и сурова слика од нашата реалност. Корчагинци преку песна, танц и глума го прикажуваат епицентарот на светот – психијатриски кревет каде чекаат главните јунаци, докторот и пациентот, пациентот и докторот. Дали во вителот од продадени души ќе има малку простор за здравиот разум, ќе го излекува ли тој изгубениот пациент, ќе дознаеме вечерва во Универзалната сала. Приказната се одвива во златните години на социјализмот, кога гордост беа значките, борбата и скромноста и во сегашноста.

[custom_frame_center]Корчагинци ѕо мјузикл пред скопската публика[/custom_frame_center]

Извор: Вечер

датум на објава: 05.06.2012

By | 2012-06-05T10:40:50+00:00 05/06/2012|Култура, Македонија, Музика|