Македонија е силно поврзана со земјите од еврозоната преку трговската размена, но и преку банкарските канали, така што тоа се главните ризици кои може да бидат опасни за вашага економија, изјави извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард, ексклузивно за „Капитал”. „Капитал” деновиве, по покана на ММФ, е присутен ексклузивно на годишната пролетна сесија на ММФ во Вашингтон! Кристин Лагард, првиот човек на ММФ, прифати да одговори на нашите прашања кои ви ги пренесуваме во целост! Ова е прв пат шефицата на ММФ воопшто да зборува за Македонија. Во Вашингтон, „Капитал” е единствен медиумски претставник од Македонија.
Г-ѓа Лагард, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е сигурен дека Европа годинава се враќа во рецесија. Како оваа криза ќе ги погоди земјите во развој на Балканот, особено мојата земја, Македонија?
Лагард: Јасно е дека земјите во развој во Југоисточна Европа, па дури и пошироко гледано, се изложени на одредени ризиии што произлегуваат од европската криза. Затоа, сметам дека е многу важно европските земји да го сторат тоа што го ветија, што значи да ги спроведат реформите што ќе овозможат фискална консолидација. Особено е важно европските влади да спроведат структурни реформи и да останат посветени на тоа.
Кои се главните ризици од оваа криза за земјите како Македонија?
Лагард: Секако дека Македонија е силно поврзана со целата еврозона, како што впрочем, се поврзани и другите земји од Југоисточна Еврола, така што врските меѓу нив, всушност, се главните ризици. Пред се, мислам на трговската поврзаност меѓусебе, но и на опасноста за прелевање на кризата преку банкарските канали. Како што знаете, има многу европски банкарски брендови коишто имаат сопствени подружници во овие земји и тоа се најопасните канали преку кои може да се прелеат негативните ефекти од еврозоната. Затоа, сметам дека е исклучително важно во следниот период еврозоната да остане посветена на спроведувањето на реформите, за да се избегне поголема економска криза.
Главната забелешка на овие пролетни средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон годинава, всушност, е потребата за фискална консолидација. Македонија минатата недела одлучи да позајмува пари.
Лагард: На пазарите на капитал за финансирање на буџетскиот дефицит, кои главно завршуваат за тековни трошоци, а сосема малку за капитални инвестиции. Дали ова е исправна политика во вакви времиња? Во исто време, земјата ја има кредитната линија за внимателност од ММФ. Лагард: За случајот со Македонија, да бидам искрена, не сум доволно упатена. Дозволете ми да проверам каков договор има земјата со ММФ. He можам да одговорам на ова прашање без да ги знам деталите. Меѓутоа, затоа што вие сте новинар што во Вашингтон дојде на покана на ММФ, ви ветувам дека ќе добиете одговор откако ќе дознаам за што се работи. За време на пролетните средби, некои земји, па дури и оние коишто го зголемија сопственото учество во квотата на ММФ.
Европа не прави доволно за да го изгради сопствениот одбранбен ѕид? Дали и вие ја чувствувате истата загриженост?
Лагард: Ќе ви кажам како изгледа тоа од наша перспектива и што е направено досега. Ние ги гледаме сите напори што ги вложува еврозоната, a пред се, мислам на мерките што ги преземаа земјите како Италија и Шпанија. Го имаме предвид фискалниот договор што треба да обезбеди дисциплина во трошењето, повеќе санкции. Исто така, ги анализираме и одлуките на Европската централна банка. Ако на тоа додадеме дека и европскиот фонд за превенција од криза се зголеми на 800 милијарди евра, мислам дека можеме да заклучиме дека имаме добра основа за да ја држиме ситуацијата под контрола. Тоа дефинитивно демонстрира политичка одлучност да се зајакне и да се штити еврозоната.
Каква е состојбата во Грција? Пред неколку дена искажавте восхитеност од посветеноста на актуелниот грчки премиер, Пападимос. Дали оваа земја ги исполнува вашите очекувања со своите постапки, дали е на вистинскиот пат?
Лагард: Последните шест месеци ги потрошивме на сериозни дискусии со Грција во врска со новата програма за оваа земја. Досега се случија многу видливи промени и тоа е добро – се смени Владата, одредени политички страни го променија својот тврд став за актуелните проблеми, а премиерот мислам дека многу сериозно ги извршува своите задачи. Мислам дека се спроведени сите услови што ги поставивме, законите изгласани. Меѓутоа, како што кажав и на годишните средби на ММФ, пак ќе повторам – мора до крај да се спроведат сите реформи. Главен предизвик сега треба да биде. Јасно е дека земјите во развој во Југоисточна Европа, па дури и пошироко гледано, се изложени на одредени ризици што произлегуваат од европската криза. Затоа, сметам дека е многу важно европските земји да го сторат тоа што го ветија, што значи да ги спроведат реформите што ќе овозможат фискална консолидација. Особено е важно европските влади да спроведат структурни реформи и да останат посветени на тоа.
Уште пред почетокот на пролетните средби јавно кажавте дека овде очекувате да се случи посебен „Вашингтон момент”. Дали го постигнавте тоа?
Лагард: „Вашингтон моментот”, дефинитивно да – поради целата атмосфера што се создаде за време на средбите, динамиката и енергијата на состаноците. Допрва го очекуваме мислењето на земјите-членки, но јас сум прилично сигурна дека успеавме да постигнеме најдобро што можевме. Како што може да замислите, зборувавме за многу различни региони, посебни земји, еврозоната, САД, меѓутоа и за врските меѓу развиените држави и земјите во развој, за да дојдеме до конкретни заклучоци за мерки коишто на среден рок ќе го стимулираат економскиот раст и ќе отворат нови работни места, што толку многу ни требаат. He е баш лесно да водите такви разговори со толку многу групи луѓе и на различни нивоа, но на крај успеавме.
Стравувате ли од некоја посебна земја која може да се соочи со поголеми проблеми кои би биле опасни да предизвикаат уште подлабока криза?
Лагард: Иднината ќе покаже. ММФ е тука за сите 188 земји-членки. Без оглед дали се работи за системска или несистемска криза, развиена или неразвиена земја, Фондот им стои на располагање на своите земји-членки. Тоа значи дека ќе настојуваме да бидат преземени потребните мерки. Секако дека треба да се исполнат одредени услови и всушност, тоа е она што го прави Фондот сигурен кредитор, бидејќи им овозможува на земјите што имаат проблеми побрзо да ги надминат и повторно да застанат на нозе.
Досега не сте биле во Македонија, ниту пак, во регионот. Планирате ли наскоро да ја посетите мојата земја?
Лагард: Штом ми заздрави ногата, ќе им се вратам на патувањата. (Кристин Лагард за време на пролетните средби имаше повреда на стапалото, поради што заврши во локалната болница во Џорџтаун. Тоа предизвика голема загриженост кај присутните на пролетните средби на ММФ и новинарите).
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Капитал Дневен
Автор: Алеисандар Јанев
Датум на обаја: 23.04.2012