Македонија Нема Да Има Двојно Оданочување Со Луксембург

/, Македонија/Македонија Нема Да Има Двојно Оданочување Со Луксембург

Македонија Нема Да Има Двојно Оданочување Со Луксембург

Македонија нема да има двојно оданочување со ЛуксембургМакедонија нема да има двојно оданочување со Луксембург откако денеска во Брисел, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за финансии на Луксембург, Луц Фриден го потпишаа договорот за одбегнување двојно оданочување и заштита на инвестициите со оваа земја.

Договорот, како што соопшти Министерството за финансии, претставува правна рамка и основа за унапредување на економската соработка помеѓу двете држави како во доменот на размената на стоки и услуги, така и во доменот на заедничките вложувања.

„Со склучувањето на овој договор ќе се овозможи слободен проток на луѓе, капитал, доход, услуги и слично, како и натамошно стимулирање и интензивирање на економските односи помеѓу двете држави“, велат од министерството.

[custom_frame_center]Македонија нема да има двојно оданочување со Луксембург[/custom_frame_center]

Извор: www.kapital.mk

Датум на објава: 15.04.2012

By | 2012-05-15T12:50:57+00:00 15/05/2012|Економија, Македонија|