Поради снежното невреме што ја зафати Европа, земјите од регионот се соочени со големи последици врз лозовите насади, што ке значи недостиг од грозје. Ова е можност да се создаде конкуренција и да се добие повисока цена за нашето вино, велат познавачите.
Домашните винарници уште сега треба да се подготват за евентуалпа поголема побарувачка на наливно и вино во шишиња од Македонија, велат познавачите. Штетното влијание од снежпата зима и мрзнењето, според предвидувањата, ќе биде најизразено кај лозовите насади во земјите од Централна Европа. Дури и кај нас, на јужниот дел од континентот, измрзнаа дел од лозјата од Неготино до Демир Капија. Заедничко организирано настанување на светските пазари веќе е планирано од домашните винарници во здружението „Вина од Македонија”, преку кое тие заеднички ќе работат по веќе усвоената стратегија за настап. Можно е да има намалено производство на грозје во Европа, што може да значи и подобар пласман на македонското грозје и вино велат од Министерството за земјоделство.
МАЛИ МРЗНЕЊА КАЈ НАС
Кај нас најголемо мрзнење од 30 до 40 проценти е евидентирано во околината на Повардарието кај сортите афусали и вранец. Најприсутно е од селото Дуброво, Неготинско, до Демир Капија, коментира Диме Златев, експерт за лозарство од најголемиот лозарски регион во Македопија, тиквешкиот. Златев, кој изминатиот период направил проверка на терен и ги анализирал состојбите со виновата лоза, укажува дека нема мрзнење кај питу една сорта кај лозјата што се на надморска височина поголема од Вардарската котлина (што значи на повеќе од 210 метри). Сега треба да бидеме мудри, одговорни и да произведеме грозје што може да се пласира на европскиот пазар. Ова е можност да се создаде конкуренција и да се добие повисока цена коментира Златев.
ЕВРОПА НАШ НАЈДОБАР ПАЗАР
Според анализите на Министерството за земјоделство, годинава почна успешно. Договорената бесцаринска квота со Европска Унија, која изнесува 32.000.000 литри за наливно вино, веќе е исполнета. Прелиминарните анализи на извозот на вино во 2012 година, заклучно со февруари, покажуваат дека извозот бележи зголемување во споредба со 2011 година, која беше најдобра година меѓу последните десет. До крајот на февруари се извезени приближно 30 милиони литри вино од Македонија во вкупна вредност од приближно 12 милиони евра. Тоа е зголемување од 40 проценти од аспект на количеството, односно 27 проценти од аспект на остварениот девизен прилив на ниво во однос на истиот период минатата година. Се очекува пласманот на македонското вино да продолжи и во наредните месеци и резервите на вино да бидат намалени до почетокот на бербата на грозје изјавија од ресорното министерство. Најголем потенцијал за успешен пласман на македонските вина, според анализите, има на пазарите во Холандија, Словенија, Швајцарија и во Полска. Холандскиот е првиот пазар на кој во мај годинава ќе почнат заеднички активности, а до крајот на годината и на другите. Минатата година беше една од најуспешните во пласманот на македонското вино, и покрај економската и должничката криза. Лозарството и производството на вино во македонскиот земјоделски брутодомашен производ учествуваат со околу 20 проценти. Виното е на прво место во извозот на алкохолни пијалаци, а на второ место од сите земјоделски производи во однос на остварен девизен прилив. Засега се уште како потенцијални пазари се истражуваат Русија и Индија, кои се огромни консументи на вино, и пазари што можат без проблеми да го консумираат нашето целосно производство на вино и грозје.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Нова Македонија
Датум на објавата: 16.03.2012
Автор: Жарко Василевски