Маркетинг шпионажа

Маркетинг шпионажа

Лоша вест за параноиците, ама денешнава технологија може да ве бомбардира со реклами зошто знае точно каква личност сте, колку ви е длабок џебот и од која болест патите.

Во Американската канцеларија за патенти и брендови пристигнало барање за патентирање на уред за кабловска телевизија кој го детектира амбиентот во кој се наоѓа гледачот за време на емитувањето на реклами. Уредот е опремен со камери и микрофони и ги приспособува рекламите во зависност од тоа дали се галите со партнерот (реклами за кондоми, романтични музички албуми и слично), јадете (огласи за храна), чистите, свирите, зборувате, читате итн.

Тоа значи дека телевизорот ќе има способност да препознае дали пиете Пепси или Кока Кола и ќе избере која реклама да ја емитува. Идејата не е нова и е од 2010-та година, а ја смислиле од Микрософт.

Кукли кои изгледаат како луѓе и ве гледаат додека купувате

Надзорните андроиди наречени EyeSee Mannequin чинат 5.000 долари и се дизајнирани да ги набљудуваат потрошувачите за време на шопингот.

Ја препознаваат расата, јазикот на кој зборувате, полот и изразот на лицето. Сите овие информации потоа се складираат и анализираат за проучување на понудите на продавачот, но и за продажба на истите на други продавници. Во иднина овие кукли можеби ќе спречуваат кражби.

Производи кои ја издаваат вашата локација на улица

Nestle покрена кампања со наслов „We Will Find You“ која на купувачите им ветувала дека некој од нив при купување на чоколадо ќе биде дочекан од екипата на Nestle и ќе им бидат врачени 10.000 фунти.

Сајтови кои знаат колку пари имате

Бидејќи нема пристоен начин да се прашаат потенцијалните купувачи за нивните примања, постои само проценка од око, која е многу тешко да се изврши преку интернет. Но затоа проценката на компјутерот (неговата цена) дава многу податоци за потрошувачот.

Туристичката агенција Orbitz на тој начин ги разликува таргет групите во зависност од тоа дали користат MAC-компјутер или PC, и соодветно на тоа им нудат поскапи, односно поевтини дестинации.

Маркетинг компании кои ви ги следат здравствените проблеми

Маркетинг компанијата Epic од Њујорк неодамна била фатена како користи огласи од околу 24 илјади веб сајтови за да шпионира кои болести најчесто ги пребаруваат нејзините клиенти.

Собирале информации за потенцијалните здравствени проблеми за полесно да ја погодат маркетиншката кампања. Под нормални услови, податоците за здравјето се доверлива информација, па затоа на компанијата ѝ било наредено да ја уништи базата на податоци која опфаќала повеќе од милион луѓе.

Извор: www.on.net.mk

Датум на објава: 23.04.2013