Mozilla на Пазарот на Мобилни Оперативни Системи со Firefox OS

/, Телекомуникации/Mozilla на Пазарот на Мобилни Оперативни Системи со Firefox OS

Mozilla на Пазарот на Мобилни Оперативни Системи со Firefox OS

[custom_frame_left]Untitled[/custom_frame_left] Mozilla, компанијата која стои зад еден од најдобрите интернет прелистувачи – Firefox, планира да исфрли нов натпреварувач на пазарот на мобилни оперативни системи: Firefox OS.

Според најавите, Firefox OS ќе нуди првокласно HTML5 рендерирање, ефикасен дизајн и вистинска open-source платформа. Оперативниот систем ќе биде изграден врз Линукс кернел во комбинација со Gecko енџинот којшто е вграден во Firefox. И тоа во суштина е целиот производ – чисто веб доживување до крај. Се ќе биде HTML5 апликација: прелистувачот, имејл клиентот, апликациите за социјалните мрежи и игрите.

Компанијата објави дека веќе имаат поддршка од голем број на производители на телефони и мобилни оператори. Партнери на Mozilla во овој проект ќе бидат производителите TCL Communication Technology и ZTE, како и мобилните оператори Deutsche Telekom, Etisalat, Smart, Telecom Italia, Telefónica и Telenor.

Според листата на партнери може да се заклучи дека Mozilla планира своите Firefox OS телефони да ги продава во земјите во развој. Mozilla се надева дека ќе може да им понуди евтини, но квалитетни телефони на потрошувачите во Бразил, Индија, Кина, Африка и југоисточна Азија.

„Се очекува следните години неколку милијарди нови корисници за прв пат да се закачат на интернет преку мобилен телефон. Затоа е мошне значајно корисниците да добијат солидно доживување по достапни цени,“ вели Гери Ковач, извршен директор на Mozilla.

Според Ковач, нивниот оперативен систем вграден во сматрфони ќе се појави на пазарот во првите месеци од 2013 година.

[custom_frame_center]Mozilla на Пазарот на Мобилни Оперативни Системи со Firefox OS[/custom_frame_center]

Превземено: www.fama.mk

Датум на објавата: 05.07.2012

Термин: 14.20 часот