Наумче Не Се Штеди: Луксузен Часовник За Свршеницата

//Наумче Не Се Штеди: Луксузен Часовник За Свршеницата

Наумче Не Се Штеди: Луксузен Часовник За Свршеницата

На свеченото отворање на кое присустуваа многу познати лица од македонската естрада и бизнис, ракометарот Наумче Мојсовски за себе и за својата вереница купи дијамантски часовници Tag Huere (Таг Хоер). Еден од познатите сопственици на таков бренд на часовник е и актуелниот амкерикански претседател Барак Обама.

Над 100 годишна импресивна традиција, врвна технологија, совршен дизајн, ултимативна прецизност и светска репутација се дел од атрибутите на фамилијата најпознати швајцарски часовници Tag Huere (Таг Хоер), Breitling (Брајтлинг), Longines (Лонжин), Tissot (Тисо) и Caran D’ache (Каран Даш) која од ексклузивниот дистрибутер “часовници и накит Божиновски” првпат беше официјално презентирана на македонскиот пазар.

Часовникот Tag Huere (Таг Хоер), чии светски амбасадори се Стив Мек Квин, Леонардо ди Каприо, Луис Хамилтон, Тајгер Вудс, Марија Шарапова, Џејсон Батон и Камерoн Дијаз, во Македонија го претстави познатата српска манекенка Катерина Вучетиќ, која е балканско заштитно лице за овој врвен бренд.

-Чест е и одговорност да се биде во вакво славно друштво на познати личности ширум светот кој можат на својата рака да го носат Tag Huere (Таг Хоер). Еден од нив е и актуелниот американски претседател Обама. Постојаната потреба за инвентивност, за поместување на границите на можното е она во кое совршено се препознав себе си во овој моќен и иновативен бренд- изјави Вучетиќ.

За македонските амбасадори на швајцарски бренд часовници Swatch беа промовирани македонските ѕвезди Дани Димитровска и Дивна Пешиќ.

Компанијата “Часовници и накит Божиновски” која со лансирањето на швајцарски часовници и официјално стана македонски амбасадор на луксузот, новите брендови ги претстави на отворањето на новиот луксузен продажен простор на плоштадот “Македонија”.

-Отварајќи го нашиот нов продажен простор, тука во срцето на Скопје, во првата негова вискокатница позната како палатата на Настеви, изградена во дамнешната 1924, се стопуваме со традицијата на овој град која знае да го препознае и признае убавото, вредното и трајното како своја вредност рече првиот човек на компанијата Игор Божиновски.

На свеченото отворање на кое присустуваа многу познати лица од македонската естрада и од бизнисот, ракометарот Наумче Мојсовски за себе и за својата вереница купи дијамантски часовници Tag Huere (Таг Хоер). Еден од познатите личнпости кој носи таков бренд на часовник е и актуелниот амкерикански претседател Барак Обама.

Во рамките на новиот продажен салон “Божиновски”, го отвори и првиот и засега единствен сервис за луксузни часовници во Македонија кој е сертифициран по стандардите на швајцарската часовничарска индустрија.

[custom_frame_center]456[/custom_frame_center]

 

Извор: www.taratur.com

Датум на објава: 8.05.2012

 

By | 2012-05-09T11:32:12+00:00 09/05/2012|Македонија|