Нискобуџетната Флајдубаи Размислува за Лет Дубаи – Скопје

//Нискобуџетната Флајдубаи Размислува за Лет Дубаи – Скопје

Нискобуџетната Флајдубаи Размислува за Лет Дубаи – Скопје

Нискобуџетната авиокомпанија Флајдубаи ја разгледува можноста за воведување на летови Дубаи – Скопје и обратно.

Компанијата стартувала физибилити студија за летови кон скопскиот аеродром “Александар Велики“, изјавил извор од Флајдубиа за Екс Ју авиејшн њус.

Раководството на компанијата размислува за приклучување на македонскиот пазар, откако лани лансираше летови до Белград. Во моментов, длабоко се разгледуваат податоците и трошоците, а како што пишува Екс Ју авиејшн њус, компаниајта бил особено привлечена од субвенциите кои ги најави македонската влада.

Владата кон средината на минатиот месец најави дека планира да подели пет милиони евра како субвенции за авиокомпании кои ќе одлучат да оперираат од и кон македонските аеродроми. Огласот за доделување на субвенции треба да биде распишан овој месец. Субвенциите би требало да се доделуваат до 2015 година.

Пред Флајдубаи да се заинтересира за Скопје, плановите биле да се почне со реализација на летови од и кон Загреб. Но, авиопревозникот не се одлучил на овој чекор поради оперативни цели.

Авионот Боинг 737-800 на Флајдубаи може да лета до Загреб, но дозволеното време на должност на екипажот ќе истече за време на летот назад кон Дубаи поради што компанијата ќе биде задолжена да го одмара екипажот во Загреб пред повратниот лет, што би предизвикало дополнителни трошоци.

[custom_frame_center]Нискобуџетната Флајдубаи Размислува за Лет Дубаи - Скопје [/custom_frame_center]

Превземено: www.netpress.com.mk

Датум на објавата: 17.04.2012

Автор: Нетпрес

By | 2012-04-18T07:14:22+00:00 18/04/2012|Авиосообраќај|