Скопјани Добија Уште Едно Место за Рекреација

//Скопјани Добија Уште Едно Место за Рекреација

Скопјани Добија Уште Едно Место за Рекреација

За реализација на овој проект надлежните од Градот Скопје информираат дека потрошиле 16,5 милиони денари.

Левата страна на кејот на реката Вардар продолжува да се гради и разубавува. Скопјани добија уште едно место за спорт и рекреација во главниот град. Официјалната промоција на новата ролерсковелосипедска патека од булеварот „Гоце Делчев” до булеварот „8 Септември” вчера ја одржа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и премиерот Никола Груевски.

Денеска Градот и официјално ја пушта во употреба новата ролерсковелосипедската патека од левата страна на реката Вардар и тоа од мостот „Гоце Делчев”, па се до булеварот „8 Септември” кај хотелот „Александар Палас”.

Патеката е во должина од 3 километри, а широка е 4,4 метри. По целата должина на патеката покрај хортикултурното уредување градот постави улично осветлување и урбана опрема, изјави Трајановски. Тој напомена дека целата инвестиција на проектот е финансирана од Градот Скопје.  Крајната цел на овој проект е левата страна на кејот да го добие ликот на веќепостоечката десна.

Со ова граѓаните подеднакво би ги користеле двете страни за спорт и рекреација, со што автоматски би се растоварил кејот од велосипеди и пешаци, појасни Трајановски. За изградбата на новата патека работеа екипите на градежната компанија „Жикол” д.о.о.е.л. Струмица. За бележење на хоризонталната сигнализација беа задолжени работниците на ЈП „Улици и патишта”, а за околното зеленило се погрижиле работниците на ЈП „Паркови и зеленило”.

За реализација на овој проект надлежните од Градот Скопје информираат дека потрошиле 16,5 милиони денари.

[custom_frame_center]Нова Ролерсковелосипедска Патека[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 14.03.2012

Автор: Г.З

By | 2012-03-14T06:48:00+00:00 14/03/2012|Македонија|