Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле

/, Култура, Маркети, Образование/Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле

Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле

Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле вчера од компанијата „Тинекс” доби донација од два бронхоскопи и една кардиолошка сонда,најсовремени медицински апарати со кои во иднина ќе се лекуваат децата.

Според Оливер Зафировски, директорот на Институтот овие современи апарати ќе им помогнат на нивните врвни специјалисти да го применат своето знаење на најдобар можен начин. Апаратите се користат при вадењето на туѓи тела кои се инхалирани во телото кај малите деца. На годишно ниво во Институтот се прегледуваат над 200 деца под сомневање дека имаат туѓо тело, а кај 10 до 15 отсто се потврдува дијагнозата дека вакво тело се наоѓа во долното дишно стебло  вели Зафировски.

Искра Лазаревска информираше дека токму вчера е интервенирано кај едно дете, при што од дишните патишта му е извадено гравче. Според Лазаревска често кај малите деца се вадат остатоци од ореви, кикирики, но и пластични делови од играчки.

Генералниот извршен директор на „Тинекс”, Кристина Тодоровиќ Николиќ, информираше дека проектот „Тинекс, ти и јас” продолжува, бидејќи приходот од продажбата на пластичните кеси во нивните супермаркети се пренасочува во фонд од којшто ќе се финансираат различни проекти за здравството, спортот, образованието, културата, уметноста и грижата за социјално ранливите категории.
[custom_frame_center]Нови Бронхоскопи за Болницата во Козле[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 08.03.2012

Автор: В.Ма.