Нови давачки за телевизиите, кабелските и телекомуникациските оператори

/, Телекомуникации/Нови давачки за телевизиите, кабелските и телекомуникациските оператори

Нови давачки за телевизиите, кабелските и телекомуникациските оператори

На почетокот од јануари стапи на сила новиот Закон за филмска дејност, кој носи нова јавна давачка за дел од бизнис секторот.

Националните телевизии од вкупниот годишен приход, 1,1 % ќе треба да и плаќаат на новата Агенција за филм, кабелските и телекомуникациските оператори ќе треба да издвојат 2,5 % од вкупните годишни приходи, 5 % на Агенцијата ќе треба да и плаќаат кината, 3 % дистрибутерите и изнајмувачи на филмови и 1,3 % приредувачите на игри на среќа.

Собранието новиот закон го изгласа во мај минатата година.

Засегнатите страни постојано апелираат дека новото законско решение не е прифатливо и дека ќе нанесе сериозен удар врз финансиската стабилност на компаниите, што пак на крајот ќе се прелее и врз грбот на граѓаните со можно зголемување на цената на крајната услуга.

[custom_frame_center]Нови давачки за телевизиите, кабелските и телекомуникациските оператори[/custom_frame_center]

Извор: www.emagazin.mk

Датум на објава: 02.01.2014