Објавен Оглас за Давање Под Закуп Земјоделско Земјиште

//Објавен Оглас за Давање Под Закуп Земјоделско Земјиште

Објавен Оглас за Давање Под Закуп Земјоделско Земјиште

Министерството за земјоделство денеска објави оглас за давање под закуп на 8.703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари.

Огласеното земјиште е во 18 региони во државава-во Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, К.Паланк,а Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Св.Николе, Велес, Кавадарци. К.Вофа и општина М.Брод.

Почетната цена за хектар изнесува 25 евра во денарска противвреднсот за земјоделско земјиште од прва до 4-та катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност од 5 до 8 катастарска класа. Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а од 5 до 8 класа е 5 евра за хектар.

Времетраењетои на закупот за подигање маслинарници е за период до 50 години, за долгогодишни насади и оранжерии до 30 години колку што изнесува и времетраењето на закупот за вршење на спортско рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години е времетраењето на закупот за рибници, а до 15 години за одгледување други земјоделски култури и за ливади.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички правни лица и странски правни лица. Заинтересираните физички и правни лица понудите можат да ги поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.

Отворањето на понудите ќе биде јавно, во текот на јуни.

Превземено: Македонско Радио

Датум на објавата: 28.05.2012

Термин: 15.30 часот

Автор: Наташа Атанасовска

By | 2012-05-29T04:47:08+00:00 29/05/2012|Земјоделство|