Од Вчера Флај Дубаи Лета Од и До Скопје

//Од Вчера Флај Дубаи Лета Од и До Скопје

Од Вчера Флај Дубаи Лета Од и До Скопје

Од вчера Флај Дубаи лета од и до Скопје. Секој понеделник и четврток преку редовна линија Македонија и регионот ќе се поврзат со Блискиот Исток. Заменик извршниот директор на Флај Дубаи ја одбрал Македонија како единствена балканска дестинација за својата компанија. Се надева дека го направил вистинскиот бизнис.

Господине Ал Гаил, воведувате нова линија Скопје Дубаи Скопје 2 пати неделно.. каков потенцијал гледате во земјава?

Во Флај Дубаи сме многу заинтересирнаи за регионот на Балканот затоа што регионот не е добро услужен од нашата земја затоа кога ја правевме нашата студија ги истраживме сите градови во регионото и почувствувавме дека Скопје е најстрактивното место за ние да функционираме и да бидеме успешни. Врз таа основа го избравме Скопје, за да го услужиме целиот балкански регион.

Флај Дубаи е нискобуџетна компанија во сопственост на владата на Дубаи. Какви цени и услуги нудите за патнциите?

За патниците од Скопје ги нудиме услугите на Флај Дубаи, а тие услуги се единствени бидејќи се обидуваме патувањата да ги направиме поедноставни, поконфорни и нудиме услуги различни од другите авиокомпаии до нашиот стил. Посебно е тоа што нудиме програма во авионите, патниците можат да гледаат  повеќе од 160 филмови, телевизиски програми и музика и сето ова на допир. Исто ја нудиме Дубаи како дестинација која поврзува 150 дестинации вон Дубаи, така да македонските граѓани каде и да одат во светот можат да ја користат Флај Дубаи и да се поврзат за бизнис, за задоволство, но и да ги постетат семејствата, вели заменик извршниот директор на Флај Дубаи, Гаит ал Гаит.

Компанијата поистои 3 години. Само во првата година превезовте 1 милион патници. Познати сте по тоа што нудите конфорт за патниците. Зошто се одлучивте за редефинирање на компанијата во нискобуџетна?

Ние сме нискобуџетна компанија, бидејќи сакаме да се осигураме дека нудиме пониски трошоци колку што е можно повеќе. На патниците им нудиме голем конфорт, посебно во нашите седишта. Ние ги нудиме најудобните седишта достапни во светот. Сите седишта во авионите се од типот Рикаро. Исто така нашите авиони се нови така да патниците ќе немаат проблем со распипани авиони и задоцнувања. Авиолиниите што ги воспоставивме сакаме да бидат линии на 21 век, да го имаат стандардот на нашето име а тоа е Флај Дубаи.

Во компанијата имате 1500 вработени. Дали планирате да вработите и дел од Македонците кои би конкурурале за работа во флај Дубаи со оглед на тоа дека најавивте ширење во регионот?

Ние едвај чекаме да вработиме повеќе Македонци во нашиот екипаж, пилоти и стјуадеси за да се осигуриме дека ќе се грижат за нашите патници. Во нашата компанија имаме вработени од 82 националности. Тоа ја прави Флај Дубаи многу успешна и многу поразлична затоа што можат нивни луѓе да ги услужат патниците во земјата во која работиме. Ние многу сакаме да вработиме повеќе луѓе од Македонија.

Превземено: Канал5

Датум на објавата: 23.10.2012

Термин: 18.00 часот

Автор: Кире Коцевски

By | 2012-10-24T08:35:47+00:00 24/10/2012|Авиосообраќај|