Под мотото „Младите се на потег“, Црвениот крст на Град Скопје денеска на кејот Вардар кај Градска плажа ќе го одбележи 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Централна манифестација е хуманитарна трка на која ќе учествуваат околу 250 младинци – средношколци од Скопје и членови на клубовите на млади на Црвен крст на територија на главниот град.
Во рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8-ми до 15 мај, ќе бидат организирани и предавања за ширење на идејата на Црвениот крст и информирање на младите за организацијата и можностите за вклучување во големото семејство хуманисти-волонтери.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.sitel.com.mk
Датум на објава: 08.05.2012