Вечер во Младинскиот културен центар – Скопје со почеток од 19.30 часот ќе се одржи „Треш фешн”, модна ревија со креации изработени од рециклирани материјали.
Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за значењето и за зачувувањето на природата со намалување на отпадот преку неговата повторна употреба.
Креациите оваа година ги изработиле ученици од 37 средни училишта во Маке-донија, а на настанот ќе се доделат прва, втора и трета награда од жирито.
Сцената ќе биде во форма на еколошки двор, а освен модната ревија, танцовата школа „Брејк а лег” ќе има настап од неколку минути.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Фокус Дневен
Датум на објава: 05.06.2012