Осигурителните Компании Треба да го Најдат Патот до Граѓаните

//Осигурителните Компании Треба да го Најдат Патот до Граѓаните

Осигурителните Компании Треба да го Најдат Патот до Граѓаните

Пред два месеца се случи голема промена на македонскиот осигурителен пазар. „Виена иншуренс груп” објави аквизиција на „Кјуби”. Што ќе значи оваа аквизиција за македонскиот осигурителен пазар, кои се амбициите на групацијата?

„Виена иншуренс груп” е водечка осигурителна групација во Централна и во Источна Европа, со традиција од два века во осигурувањето, со импресивна финансиска моќ и беспрекорна стабилност. Големите осигурителни групации се постојано во потрага по потенцијални осигурителни компании. „Винер – Виена иншуренс груп” беше првата инвестиција на групацијата во Македонија, и ние со нашата максимално посветеност и одличните резултати покажавме дека пазарот мошне позитивно реагира на квалитетното осигурување за кое нема алтернатива. Со тоа „Винер” уште повеќе ја зацврсти убеденоста на ВИГ дека во Македонија постои простор за сериозни инвестиции и дека може да се работи на многу подобар начин во однос на претходните искуства на останатите компании кои продефилираа на македонскиот осигурителен пазар. Затоа, кога зборуваме за амбициите на групацијата, јасно е дека ВИГ и понатаму внимателно го следи сиот расположлив потенцијал на пазарот. Со сигурност може да се каже дека проширувањето на пазарните позиции, дефинитивно, продолжува, бидејќи ние знаеме како да работиме на овие пазари.

Може ли да ни откриете повеќе детали како ќе функционираат двете компании?

„Виена иншуренс груп” има над 50 компании под своја закрила во 26 земји во Европа, во кои, без исклучок, работењето се заснова на домашниот, локален менаџмент со претприемачки квалитети. Истовремено, сите одлуки се во согласност со деловната филозофија на групацијата, која подразбира највисоки форми на професионализам, компетентност и етичност, градени речиси 200 години. Ова значи дека не е реткост на пазарите низ Европа да функционираат по две и повеќе компании со наставката „Виена иншуренс груп”, па дури и компании кои пред преземањето биле лути конкуренти, но, исто така, има примери и на синергија. Нивна основна стратегиска насока во работењето е подигнување на стандардите на ниво на групациските стандарди, односно на ниво на најстрогите деловни стандарди. Со својата досегашна работа, со зацврстувањето на врвот на осигурителниот пазар, со најдобрата услуга што можат да ја добијат клиентите, „Винер” покажа дека мопше успешно ги имплементира највисоките европски стандарди во осигурувањето. Токму поради тоа, последната аквизиција на групацијата во Македонија за нас на некој начин претставува обврска да се погрижиме тие стандарди да останат на највисоко ниво кога е во прашање брендот ,,Виена иншуренс груп” во Македонија.

Кои производи ги бараат македонските граѓани и кој тип осигурување бележи најголем раст?

Структурата на побарувачката се менува многу бавно. Задолжителните осигурувања се уште се доминантен дел од премијата, а тоа значи дека граѓаните многу ретко се решаваат да склучат осигурување кое не претставува законска обврска. Но, за тоа не смееме да ги обвинуваме, бидејќи најголемиот дел од одговорноста лежи кај нас. Ние сме оние пгго мора заеднички да работиме на подигнувањето на свеста за неопходноста на квалитетното осигурување. Економските услови се такви какви што се, но мора да најдеме начин да допреме до граѓаните и да ја пренесеме пораката дека најекономичното нешто што можете да го направите е да осигурате се пгго имате за неделна сума во висина на една кутија цигари. Од друга страна, тоа се природни процеси за кои е потребно време. Таков е случајот со осигурувањето од професионална одговорност, кое го штити осигуреникот од материјални издатоци при направена ненамерна грешка во работењето и кое стана задолжително за повеќе професии. Ова е можеби и едно од најбараните осигурувања моментно кај нас, како компанија која е една од ретките што го нуди овој тип осигурување и тоа по најконкурентна цена. На еден или на друг начин, потребата и за останатите типови осигурување ќе се актуализира. Наше е да бидеме тука за гра]аните кога ке се случи тоа.

Колкав е интересот за животното осигурување и за осигурување на недвижен имот?

Пазарот за животно осигурување процентуално драматично расте, но тоа е, секако, и поради ниската стартна основа на премијата за овој тип осигурување. Сепак, нашата инвестиција во „Винер лајф”, компанија за животно осигурување, е доволен доказ за нашата убеденост дека овој сегмент на пазарот има голем потенцијал. Што се однесува, пак, до осигурувањето на недвижниот имот, има уште многу простор да се работи за ова осигурување да се доближи до граѓаните. И тоа е една од нашите поважни цели, да укажеме дека е од огромна важност да имате сериозна компанија која ќе застане комплетно зад вас, во случај на штета која многу може да ја загрози вашата финансиска егзистенција. Во таа насока, „Винер” промовираше домаќинско осигурување на пазарот, за само 5 денари на ден за стан со просечна квадратура. И тоа само со еден повик на 0215 999, а полисата ја доставуваме на рака. Згора на тоа, полисата е со вклучено осигурување од земјотрес. Ова можеме да си го дозволиме поради беспрекорното реосигурување со кое располагаме.

„Винер” како компанија постојано работи на ширење на овие важни пораки за граѓаните и резултатите полека почнуваат да се појавуваат. Доказ за тоа е и фактот дека во структурата на премијата на „Винер” со мошне добар процент фигурираат незадолжителните осигурувања.

Дали врз малиот интерес за овие видови осигурување влијае стравот дека тешко се наплаќа отштетата за осигурувањето?

„Винер” е компанија која најефикасно ги решава штетите. Тоа е јавно достапен официјален податок, а тоа е и главна причина зошто трипати го зголемивме бројот на клиенти и се наоѓаме на врвот на осигурителниот пазар. Ако направите споредба со западниот свет, таму не можете да замислите една станбена зграда во која станарите немаат осигурување во случај на пожар, кражба, излевање на водовдни инсталации или, пак, некој да тргне на пат во странство без полиса за патничко осигурување, без разлика дали е задолжителна или не. „Винер”, од самите свои почетоци, наметна високи стандарди во осигурувањето, посебно во делот на решавање на штетите, и тоа е нашиот најголем адут во разбивањето на стравот што го споменавте. Преку „Винер”, најквалитетното осигурување кое е загарантирано право на секој граѓанин во развиените земји, сега е достапно и за граѓаните на Македонија. Ниту еден наш клиент не може да има и најмал сомнеж дека ќе го добие сето она на што сме се обврзале кога сме го ставиле нашиот потпис на полисата што сме му ја издале.

И покрај субвенциите, укажувањата, ретко некој од земјоделците се решава да се осигура, што сугерирате како може да се поттикнат?

Со сумирањето на резултатите од оваа сезона, можеме да кажеме дека како осигурителна компанија сме мошне задоволни од придвижувањето на сегментот на пазарот што се однесува на земјоделското осигурување. Земјоделците имаат одлични услови да го осигурат сето она во што вложуваат огромен труд преку целата година, а кое во рок од само неколку часа при големите временски непогоди знае да биде стравотно уништено. Во целиот тој процес, свесни сме за неопходноста на нашето присуство на терен, преку состаноци со земјоделците, преку доближување на овој тип на осигурување до нив и преку градење меѓусебна доверба. Наша главна цел во изминатиот период беше јасно да укажеме дека единствено осигурителната компанија е таа која ги надоместува настанатите штети на посевите и плодовите, по основа на склучена полиса. Сите останати фактори и основи по кои се бара обесштетување се бегање од единственото вистинско решение, а тоа го покажа искуството. Добро е што тие полека почнаа да сфаќаат дека осигурувањето на посевите и плодовите е неизоставен дел од нивната дејност.

„Виена иншуранс груп” е присутна во Македонија од 2009 година, по преземањето на „Сигма”, оттогаш до денес компанијата бележи постојан раст, задоволни ли сте од постигнатото?

Од средината на оваа година веќе и официјално сме на врвот на осигурителниот пазар. Сите ни честитаат на овој успех деновиве, но, знаете, ваквите рангирања честопати потфрлаат во истакнувањето на најважното. А најважното за секоја компанија е задоволството на клиентите чии „рангирања” се најрелевантни.

[custom_frame_center]Осигурителните Компании Треба да го Најдат Патот до Граѓаните[/custom_frame_center]

Превземено: Утрински Весник

Датум на објавата: 26.11.2012

Автор: Соња Маџовска

By | 2012-11-26T10:13:28+00:00 26/11/2012|Осигурување|