Поддршка за МКстартапс заедницата во склоп на Startup Europe Week

/, Информатичка технологија/Поддршка за МКстартапс заедницата во склоп на Startup Europe Week

Поддршка за МКстартапс заедницата во склоп на Startup Europe Week

Градот убав, оваа недела живее со “стартап треска“ во духот на Startup Europe Week.

На иницијатива на DigitalAgendaEU со поддршка на Европската Комисија, StartUp Europe Week  доаѓа во Скопје, а за овој настан се погрижија локалните ко-организатори: Нина Николиќ, (претставник на StartUpSelfie и Brainster) Зоран Настески (претставник на Inception Enterprise), Игор Маџов (претставник на NewMan’s Business Accelerator), Јулиа Мицевска (претставник на CoSeed и MadiGroup) и Миле Бошков (претставник на Бизнис Конфедерација на Македонија).

На само ден пред главната конференција – Поддршка за МКстартапс заедницата“ која што ќе се случува  овој петок (05.02.2016) со почеток во 11ч. во ЕУ инфо центарот, ни претставува огромно задоволство да ви најавиме дел од говорниците и темите кои ќе бидат опфатени. Конференцијата е поделена во три сесии, па така:

  1. Во првата сесија ќе имаме претставници од различни институции и организации со кои ќе се сретнете на патот кој треба да го “изодите“ кога стартувате бизнис. Ќе дознаеме за правни работи од искусната адвокатка Мирјана Марковска, но исто така ќе имаме можност да слушнеме за можности за поддршка на стартапи од страна на ЕУ со делегатот Јаромир Левичек. Во оваа сесија ќе имаме и skype конекција со Исидоро Ласо, претставник од Европска Комисија .
  2. Во втората сесија, активни членови на македонската стартап заедница ќе ги споделат своите искуства, па ќе можеме да дознаеме за разликите од вработен до претприемач директно од Петар Ниновски, ко-основач на Brainster. Присутните ќе добијат “инструкции“ за во случај нивниот стартап да доживее неуспех, од  Дарко Булдиоски, ко-основач на New Media МК, но и што ако успее и прерасне од стартап во компанија која вработува, од Теди Пејоски, ко-основач на G6.
  3. Во третата сесија, имаме говорници кои ќе не информираат за различни начини на поддршка, соработка, финансирање и инвестиции за стартапи и меѓу нив ќе бидат претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, како и менаџерот за инвестиции од South Central Ventures.

Сите говорници може да ги најдете на веќе објавената финална агенда и иако овие настани во склоп на #SEweek16 се бесплатни, карти веќе нема, па за сите што сакаат да бидат дел од конференцијата во петок, може да не исконтактираат преку маил skopje@startupeuropeweek.eu.

*ВАЖНО:  Иницијатива на ко-организаторите за Скопје- Како еден од крајните производи кои ќе ја обележат Startup Europe Week Skopje сакаме да креираме Digital booklet на македонски стартапи. Доколку сакате да бидете дел од овој booklet, пополнете ја кратката форма на АНГЛИСКИ, која ќе ви одземе 2-3 минути и споделете ја со вашите пријатели кои имаат стартап или се дел од стартап!

[custom_frame_center]Day 4[/custom_frame_center]

04.02.2016

www.pressclipping.com.mk