Некогаш Македонија беше една од ретките земји каде успеваше памукот. Но пред околу 4 децении престана садењето на оваа индустриска култура. Денес во штипскиот регион повторно се бере памук.
Памукот повторно се бере во штипскиот регион. По 40 години оваа култура е засадена на 15 хекатри. Сопственикот на полето со памук, Александар Патраклиски вели дека го засадил за сопствени потреби, со што во градот на текстилната индустрија се враќа неговото базно производство.
Од причина што памукот е како главна суровина во нашата фабрика ние се решивме да почнеме со негово одгледување да имаме вертикално производство од семе до краен производ трикотажен произовод маица или поломаица. Цената на памукот последниве години драстично се зголеми а исто така има и голем недостаток на светско ниво, рече Александар Петраклиски сопственик на МК ЕАМ Штип.
Патраклиски има потреба од 250 до 300 тони памук, а со производството на нива трошоците му се намалуваат за половина. Досега оваа суровина се увезуваше од Индија, географската положба на земјава се идеални за одгледување памук, а и цената на светските берзи е висока.
Памукот е берзански продукт неговата цена моментално отприлика од 1 до 1.60 во зависност од квалитетот, потеклото и неговите карактеристики, додава Петраклиски.
И покрај тоа што оваа година е сушна, сепак се очекува принос околу 2 тони по хектар. Памукот се сади во мај, а се бере по 1 октомври на неколку пати во зависност од неговото зреење. Берењето на памукот се одвива рачно, а за наредната година Патраклиски најавува дека ќе засади 50 хекатри, со што полето во штипскиот регион повторно ќе забелее од оваа стара култура.
Превземено: Телма
Датум на објавата: 16.10.2012
Термин: 18.30 часот
Автор: Викторија Димитрова Јованова