Природни Лекови за Изгореници од Сонце

//Природни Лекови за Изгореници од Сонце

Природни Лекови за Изгореници од Сонце

Многу често, кога одиме на море, крај езеро или на планина, може да ни се случи да заработиме изгореници од сонце. Затоа е пригодно да ги знаеме и природните лекови за справување со незгодната и болна ситуација.

Природен лек број 1

На стерилна газа, нанесете масло од лаванда и ставете ја на проблематичната регија. На секој час повторувајте ја постапката. Се работи за природен антисептик, кој брзо ќе ве ослободи од незгодните изгореници.

Природен лек број 2

Три лажички суви цветови од кантарион, прелијте со 2 дл. маслиново масло. Ставете ги потоа во стаклен сад и оставете да одстои околу една седмица. Потоа тоа нанесувајте го на газа и лекувајте ги изгорениците. Ова е многу ефикасно средство, но бара предвремена подготвка, па затоа доколку планирате идната недела да заминете на одмор, веднаш започнете со припремање на овој моќен мелем.

Природен лек број 3

Од пченично брашно и вода направете тесто и нанесете го на повреденото место. Ова се користи за изгореници од помал степен.

Природен лек број 4

Во еден сад момешајте една чашка на обезмастено млеко и четири чашки вода. Во смесата додајте неколку коцки лед. Измешајте, ставете го на газа и директно на повреденосто место. Облогата нека стои 15 минути, а потоа направете пауза од еден час и повторете ја постапката.

Корисни совети:

  • Меурчињата кои настанале поради изгореници на кожата никако не ги оштетувајте
  • Доколку забележите печење и црвенило на кожата тогаш станува збор за изгореница, не го изложувајте местото повторно на сонце
  • Секогаш користете висок фактор на заштита за сонце
  • Особено висок фактор на заштита треба да користат луѓето со светла боја на кожата бидејќи кај нив се создава помалку меланин, а со тоа и намалена е заштитата
  • Внимавајте на изложување на бемките на директна сончева светлина
  • Не излегувајте директно на топло од климатизиран автомобил

[custom_frame_center]Природни Лекови за Изгореници од Сонце[/custom_frame_center]

Превземено: www.365.com.mk

Датум на објавата: 15.07.2012

By | 2012-07-16T05:34:45+00:00 16/07/2012|Козметика|