Прототип, Тинекс, ВИП, Здравје Радово – најдобрите работодавачи во Македонија

/, Македонија/Прототип, Тинекс, ВИП, Здравје Радово – најдобрите работодавачи во Македонија

Прототип, Тинекс, ВИП, Здравје Радово – најдобрите работодавачи во Македонија

Во трите категории во компании над 500 вработени најдобар работодавач е компанијата „Прототип“, а на второ место е „Тинекс“. Кај компаниите од 100 до 500 вработени по третпат е избрана Вип Оператор. На второ место во оваа категорија е Млекара „Здравје Радово“ и на трето место „Фешн Груп“. Во последната категорија во која спаѓаат фирми до 100 вработени прво место е Вригли, второ место „Космик Девелопмент“ и на трето „Футура“.

Истражувањето го изврши Трипл С Груп во соработка со агенцијата за истражување на пазарот Свот Ресерч. Опфатени беа 35 компании од приватниот сектор во Македонија, а се спроведе од 1 јуни до 30 август годинава. Целта на истражувањето беше да се измери задоволството на нивните вработени и да се добие објективна слика за секојдневните работни задачи, перцепцијата на вработените, работното опкружување и меѓучовечките односи во рамки на организацијата. Вкупната оценка на вработените во истражувањето е 4,24 што е високо задоволство. Најголемо задоволство искажале вработените во компаниите со 100 вработени.

Иван Унковски од „Футура“ потенцира дека за да се задржат вработените треба постојано да се инвестира покрај во финансиските услови, во самите услови на работа и во нивна обука.

Јован Дабески од „Здравје Радово“ вели дека наградата е резултат на нивните активности во 11-те години и посебно е задоволството што сега се сигурни дека сите вработени компанијата ја чувствуваат како свое семејство и така ги даваат најдобрите резултати.

Маја Крстевска од „Прототип“ рече дека секојдневно ќе се трудат да го одржат задоволството на вработените, да ги мотивираат, бидејќи тие така ќе градат успешна кариера, а со тоа ќе придонесат за поголем развој и просперитет на фирмата.

Ненад Димитријевиќ од „Вип Оператор“ истакна дека добивањето на оваа награда трета година по ред е навистина показател дека чекорат во вистинска насока и дека оние што работат за нив, односно дека луѓето се најголемиот фактор кој може да влијае на една компанија да биде успешна.

[custom_frame_center]Прототип, Тинекс, ВИП, Здравје Радово - најдобрите работодавачи во Македонија[/custom_frame_center]

Извор: www.press24.mk

Датум на објава: 13.09.2012

By | 2012-09-13T15:23:45+00:00 13/09/2012|Економија, Македонија|