Прв Глобален Инвестициски Самит за Македонија 2012

/, Македонија/Прв Глобален Инвестициски Самит за Македонија 2012

Прв Глобален Инвестициски Самит за Македонија 2012

Од 18-ти до 21-ви октомври во Охрид ќе се одржи првиот Глобален ивестициски самит за Македонија 2012 во организација на Македонија 2025 и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

Главна цел на Самитот ќе биде ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори.

Учество ќе земат видни бизнис лидери од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, министри и претставници на владата на Македонија, како и успешни македонски бизнисмени.

Самитот претставува уникатна можност за поврзување и стимулирање на соработката меѓу македонските компании кои имаат развојни проекти и извозни капацитети со компании од странство, со цел остварување заеднички напредок и успех.

Македонија 2025 преку своите економски програми е посветена на позиционирање на Македонија како посакувана дестинација за странски директни инвестиции, како и промоција на конкурентните македонски индустрии на глобалните пазари. Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со македонската бизнис заедница цо цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој.

[custom_frame_center]Прв Глобален инвестициски самит за Македонија 2012[/custom_frame_center]

Извор: www.tocka.com.mk

Датум на објава: 27.09.2012

By | 2012-06-27T13:17:01+00:00 27/06/2012|Економија, Македонија|