Штетник ги Уништува Доматите, Земјоделците во Паника

//Штетник ги Уништува Доматите, Земјоделците во Паника

Штетник ги Уништува Доматите, Земјоделците во Паника

Опасен штетник од редот пеперутки се заканува да уништи огромен процент од производството на домати во Струмичкиот, Валандовско, Гевгелискиот и Кочанскиот регион. Штетникот првпат на нашите ниви е забележан минатата година, а годинава неговото присуство е проширено на упгге поголеми површини.

Земјоделците во паника апелираат за помош од експертите и надлежните институции и бараат од нив да им обезбеди едукативни материјали, но и регистрирани препарати за уништување на штетникот. Пеперутката тута апсолута го напаѓа и листот и плодот и го прави доматот неупотреблив. Ако се појави во пластениците, може да уништи и до 70 отсто од производството. Земјоделците стравуваат дека освен големите економски штети кои можат да ги претрпат ако веднаш не се реагира, Македонија може да се најде на листата на земји зафатени со овој штетник, што може да влијае на нашиот имиџ како извозник на домати и други градинарски производи.

Од Федерацијата на фармери на Македонија информираат дека пеперутката зафатила речиси 15 отсто од есенското производство, но многу брзо се распространува на чистите површини.

„Штетникот посебно голема опасност претставува за струмичкиот регион каде што има големи површини под домати во пластеници и оранжерии во текот на целата година што овозможува негово непречено презимување и развој и во зимските месеци. Најголеми штети може да причини на доматот и модриот патлиџан, но се храни и се размножува и на пиперот, компирот. Во почетокот ги оштетува листовите, но кога ќе се намножи ги напаѓа и плодовите и стебленцето на растението и може целосно да го уништи посевот. Бидејќи е карантински штетник, нејзиното присуство претставува дополнителна пречка при извозот во земјите од Европската унија”, информира Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ.

Според професорот Слободан Банџо од Земјоделскиот институт, штетникот е многу отпорен на хемиските средства за заштита и брзо се размножува. На земјоделците кои се соочуваат со пеперутката им прелага навремено утврдување на присуството на штетникот преку употреба на феромонски ловни мамци и намалување на популацијата на машки единки со методот на ловење со помош на феромонски и светлосни мамци комбинирани со водни замки. Еден од начините на борба со штетникот е и примената на предатори и паразити, а употребата на пестициди треба да се сведе на минимум само во случаи на посилна појава на штетникот.

[custom_frame_center]Штетник ги Уништува Доматите, Земјоделците во Паника[/custom_frame_center]

Превземено: Утрински Весник

Датум на објавата: 12.04.2012

Автор: Сања Наумовска

By | 2012-04-12T05:59:16+00:00 12/04/2012|Земјоделство|