Факултетите продуцираат кадри кои не знаат ниту да зборуваат, сите завршуваат, а потоа молат за работа, испитите се полагаат со заокружување, оценка се добива без да знаат кој е професорот, се жалат студентите кои бараат исфрлање на Болоња.
Додека професорите дебатираа кои се предностите и маните на Болоњскиот систем, студентите го изразија своето незадоволството. Бараат исфрлање на Болоња, целосно финансирање на студиите од државата. Што ќе ми е диплома без знаење?, се прашуваат тие.
Велат, факултетите продуцираат кадри кои не знаат ниту да зборуваат, сите завршуваат, а потоа молат за работа, испитите се полагаат со заокружување, оценка се добива без да знаат кој е професорот. „Што добивме, а што изгубиме со Болоња?”
Дел од професорите, исто така, сметаат дека системот има мани. Бараат работа во помали групи и враќање на усното испрашување. Дали ние добивме подобар квалитет на знаење на студентите? Јас тука имам многу дилеми. Ако има мали групи, квалитетот нема да биде нарушен зашто ќе има директен контакт меѓу професор и студент. Но, ако контролата на знаењето се сведе на тестови и речиси без директна врска меѓу студентот и професорот, особено во областа на општествените науки, тоа е прилично проблематично.
Во мојата струка студентот мора да развива аргументација, да поставува прашања, да трага по одговори. Знаењето не може да е изразено само со да и не, туку е потребно и зошто, рече професорката Гордана Силјановска. Ректорот на скопскиот универзитет Велимир Стојковски се сложува дека испитите не треба да се полагаат само со да или не, вината за тоа ја гледа во самите професори кои „Болоња” ја читаат само површно. Но, Стојковски смета дека системот има и многу предности. Позитивното треба да го оставиме и развиваме, а помалку позитивното да се обидеме да го надминеме. Она што треба да се задржи е мобилноста и европската рамка на квалификации заради заедничкиот пазар на трудот. Но, треба да се поработи на начинот на вреднување и испитување на студентите, рече Стојковски.
По речиси десет години од воведување на Болоњскиот систем во високото образование сега е моментот за евалуација и преиспитување, смета министерот Панче Кралев.
Кризата ги брка младите од универзитетите во Италија и Грција
Кризата ги протерува младите луѓе од универзитетите во Италија и Грција, се вели во извештај на италијанското Министерство за образование, објавен во грчки медиуми.
Во Грција е регистриран мал процент на лица кои имаат високо образование во старосната група 30 – 34 години. Просечната граница за Европа е 33,6 отсто, а во Грција таа е 28,4 отсто. Многу повисок е процентот во Франција, Велика Британија, Холандија, Шведска и Белгија. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој, дури 70,1 отсто од луѓето со универзитетска диплома на возраст меѓу 24 и 64 години во Грција работат.
Медиумите коментираат дека се помалку млади луѓе веруваат дека образованието е начин за наоѓање работа, а намалувањето на субвенциите за образование го затвораат патот на посиромашните да се запишат на факултет.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: Вечер
Датум на објавата: 13.03.2012
Автор: В.Ќ