Новиот трговски центар „Скопје сити мол“ е добро заштитен од евентуални непредвидени ситуации и можни ризици. Тоа го покажа и денешната голема противпожарна вежба, која беше спроведена на објектот.
„Противпожарната вежба е дел од нашата стратегија за идентификација, превенција и минимизирање на ефектите од непредвидени ситуации. Наша цел е да бидеме подготвени за управување на најдобар можен начин со можните ризици и вонредните ситуации. ’Скопје сити мол‘ има свој Кризен штаб, а сега видовме дека нашиот систем и процедурите за постапување во итни состојби функционираат беспрекорно“, изјавил Ивајло Ивајлов, менаџер на „Скопје сити мол“.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Извор: www.utrinski.com.mk
Датум на објава: 05.02.2013