Смртоносната Дрога Канибал Чука и на Вратата на Македонија

//Смртоносната Дрога Канибал Чука и на Вратата на Македонија

Смртоносната Дрога Канибал Чука и на Вратата на Македонија

Внимавајте смртоносната дрога канибал чука и на вратата на Македонија. Дрогата се подготвува од легални производи, а алармот е вклучен во Европа и во соседството.

Напад на параноја, нагон за самоубиство и убиство, халуцинации, супер сила и желба за канибализам, моќта на новата миризлива сол е неверојатна.

Произведена во Европа, дрогата веќе две години им нанесува главоболки на борците против нејзината сепак легална трговија. Може да ја нарачате на интернет, зошто се продава како сол за капење, но предизвикува досега невидени реакции. Пред една недела оваа супстанца го сврте вниманието на светот. Лице под дејство на миризливата сол, изгриза бездомник, а дури шест куршуми во неговото тело беа потребни за да го смират дејството. За дрогата која го плаши светот дебатирале и домашните експерти. Токсиколозите веќе прават план што ако дрогата се најде на домашниот пазар.

Тоа што ние го видовме на глобалните мрежи е многу загрижувачко и многу вознемирувачки фотографии има. Значи посебно се потенцира дејството на дрогата дека предизвикува потреба од канибализам, рече Андон Чубишев, директот на клиниката за токсикологија.

Корисниците на овој нов вид ЛСД, го губат апетитот па можат без храна да издржат и една недела, од овде велат експертите се јавува желбата за канибализам. Ја губат тежината, не пијат и многу лесно потпаѓаат под иритации.

Значи ако приметат родителите дека нивното дете невообичаено се однесува каде што родителите најдобро ги познаваат своите деца тогаш јас апелирам веднаш да побараат помош дали во нашата институција или до друга институција не е битно битно е да побараат стручна лекарска помош, рече Чубишев.

Досега во Македонија не е регистриран случај на нарко зависник од ваков вид на дрога. Но, ако толку лесно може да се стигне до пакување со миризливата сол, многу лесно може и да се прошири. Внимавајте што користат вашите деца пред да биде доцна.

httpv://www.youtube.com/watch?v=794KQag6Pos

Превземено: Сител

Датум на објавата: 05.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Иван Кузмановски

By | 2012-06-06T04:07:08+00:00 06/06/2012|Македонија|