Социјалните Мрежи Атакуваат Врз Приватноста на Корисниците

/, Македонија/Социјалните Мрежи Атакуваат Врз Приватноста на Корисниците

Социјалните Мрежи Атакуваат Врз Приватноста на Корисниците

Социјалните мрежи атакуваат врз приватноста на корисниците. Се злоупотребуваат фотографии, лозинки, лични податоци. Се нарушува угледот на личноста со креирање лазни профили. Фејсбук ја намали старосната граница од 18 на 13 години за креирање профил. Зголемена потенцијалната опасност да се злоупотребат личните податоци.

Лични податоци, контакт и слики, социјалните мрежи голтаат низа приватни информации кои завршуваат во интернет архивата и се споделуваат со секој и секаде. Вака нема пречка да се злоупотребуваат и директно да се атакува на угледот и на џебот на лицата кои не размислуваат кога откриваат детали од приватниот живот. Низа претставки стигнуваат до дирекцијата за заштита на лични податоци. Најчесто за крадење на идентитетот и лажно користење на туѓ профил.

За првата половина на оваа 2012 година во дирекцијата имаме примено 190 претставки од кои 98 се однесуваат на прекршувањето на приватноста на интернетот, односно социјалните мрежи. Од нив 89 се однесуваат дури на Фејсбук. Што значи секојдневно е појавување на крадење на идентитети, изјави Димитар Георгиевски, директор на агенцијата за заштита на лични податоци.

Се злоупотребуваат фотографи, лозинки, се објавуваат туѓу лични податоци во рубриката огласи. Се краде идентитетот, се креираат лажни профили. Експертите предупоредуваат граѓаните да внимаваат да не наседнуваат на т.н интернет финти.

Сите овие спомнати медиуми имаат политики на приватност. Тоа се оние ситни мали букви ко се појавуваат на почетокот во еден најчесто збиен текст и кои ние често пати бледо, а дури некој пат и воопшто не го гледаме сакаме што поскоро да кликнеме на почеток се согласувам, а да им се допушти понатамошно користење на социјалниот медиум, додаде Георгиевски.

Според дирекцијата за заштита на лични податоци секојдневно се доставува по едно барање за бришење профил на социјалните мрежи поради нарушување на приватноста. Информирање според надлежните институции е најдобриот начин за заштита на приватноста.

Превземено: МТВ1

Датум на објавата: 22.07.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Сузана Фиданска Стоевска