Во дневните весници „Дневник”, „Утрински” и „Вест” од денеска, па сè до 9 јули годинава, читателите ќе имаат можност да бидат дел од „Експрес лотарија” која ќе им донесе 16.000 стоковни награди, 15 автомобили и на крајот, дури и стан во Скопје.
Секој ден во овие три водечки печатени медиуми, ќе има по еден лоз, кој ќе крие по некоја добивка, но ако се случи лозот да е недобитен, заедно со уште четири недобитни учествуваат во наградната игра за автомобил .
-Експрес лозот „Среќни вести”, прилепен на дневните весници „Дневник”, „Вест” и „Утрински весник” на своите читатели ќе им донесе вкупно 16.000 добивки. Ова ќе биде досега најголемата игра на среќа организирана во Македонија. Секоја недела 1.000 добивки, секоја недела автомобил или вкупно 15 автомобили „цитроен Ц1″ и на крајот, главната награда стан во Скопје. „Медиа принт Македонија”, овој пат како партнер на ДЛМ, експрес лозот „Среќни вести” реши да го доближи до своите читатели како нивна заслужена дополнителна добивка. Така, отсега, покрај тоа што секој ден ќе читате добри теми во трите најголеми дневни весници, „Дневник”, „Вест” и „Утрински весник”, со купувањето на весниците станувате и потенцијален добитник на една или на повеќе од многуте добивки. Доброто и навремено информирање како и задоволството на нашите читатели беа основните мотиви да почнеме со „Среќни вести” – изјави извршниот директор на МПМ Виктор Доневски.
Читателите ќе имаат можност за 15 денари да купат еден од весниците заедно со среќниот лоз.
Од „Лотарија на Македонија” велат дека по еден од 15-те автомобили ќе се извлекуваат секоја недела во емисијата „Џамбо бинго”, а станот ќе биде извлечен на 9 јули.
„Во извлекувањето учествуваат само недобитните лозови , а задачата на играчите е во текот на една седмица да соберат 5 недобитни експрес лозови „Среќни вести” и ако притоа додадат и една недобитна бинго-картичка може да добијат автомобил со каско-осигурување – потенцираат од „Лотарија на Македонија”.
Водители на извлекувањето ќе бидат незаменливите Игор Џамбазов и Натали Грубовиќ.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.makfax.com.mk
Датум на објавата: 18.03.2012