Странци ќе не Возат со Наши Пари

//Странци ќе не Возат со Наши Пари

Странци ќе не Возат со Наши Пари

Премиерот Никола Груевски бара авиокомпании што ќе понудат авиолинии, а кои земјава ќе ги субвенционира. Добро упатените во оваа проблематика велат дека ова е моментално решение, кое нема да ја подобри катастрофалната состојба во авиосообраќајот. Каде да се лоцира проблемот?

Проблемот е во Министерството за транспорт и врски. Може да се реши релативно лесно, но никој не го сака тоа. Владата треба само да праша за второ мислење, а потоа да се направи план. Тие што го советуваат премиерот за авиосообраќајот, го прават тоа лошо  вели Вања Битољану, творец на првата македонска авиокомпанија „Палер”.

По затворањето на МАТ, состојбата со авиосообраќајот е очајна, коментираат познавачите. Велат, наместо да ги штитиме нашите авиопревозници, ние ги упропастивме.

Сега Владата бара решенија преку странски авиокомпании кои ќе отворат нови авиолинии, а уште и ќе ги субвенционира. Експертската јавност прашува зашто Владата не ги субвенционираше домашните авиопревозници и зошто тие секогаш плаќаа прескапо гориво и аеродромски услуги…

Владата решила да се вклучи со субвенции за авиокомпаниите што ќе отворат нови авиолинии за да им излезе во пресрет на граѓаните и на бизнисмените.

Македонија е мал пазар од два милиони луѓе и интересот е помал. Токму затоа Владата ќе се вклучи со субвенционирање. Тоа ќе биде важно за развој на туризмот и за поддршка на бизнисот, како и за сите граѓани што ќе имаат потреба да отпатуваат во странство, а сега се принудени да менуваат повеќе авиони, што ја зголемува цената на патувањето  изјави неодамна премиерот Никола Груевски.

И додека во минатото патниците од регионот го користеа скопскиот аеродром како централен, денес работите се значително променети. Патниците кои од Косово доаѓаа во Скопје, сега се префрлија на приштинскиот аеродром бидејќи билетите за европските дестинации се двојно поевтини.

Од турски ТАВ, кој стопанисува со аеродромите во Македонија, велат дека поддржуваат се што е во функција на развој на авиосообраќајот.

Ние како ТАВ имаме сопствена програма. Околу еден милион евра годишно одвојуваме за поттикнување на авиосообраќајот и за привлекување нови авиокомпании  вели Зоран Крстевски, директор на „ТАВ Македонија”.

Инаку, од 1992 до денес се појавија и исчезнаа повеќе авиокомпании. Некои постоеле само неколку месеци, некои по неколку години. Се паметат само „Палер”, „Авиоимпекс” и МАТ.

[custom_frame_center]Странци ќе не Возат со Наши Пари[/custom_frame_center]

Превземено: Ден

Датум на објавата: 21.03.2012

Автор:  Мишко Иванов

By | 2012-03-21T06:07:44+00:00 21/03/2012|Авиосообраќај|