Денес, во просториите НУБ „Св.Климент Охридски“ – Скопје беше промовирана EBSCO базата на податоци, со која се обезбеди пристап до 14 бази на електронски научни списанија со фактор на влијание.
Во своето обраќање Министерот за образование и наука, Панче Кралев, истакна дека со потпишувањето на договорот за користње на базите, тие ќе станат достапни до државните универзитети, односно до научните работници и студентите од вискообразовните институции и јавните научни установи во државата.
Република Македонија обезбеди пристап до 14 бази на податоци на EBSCO кои вкупно опфаќаат околу 50,000 списанија – од кои над 18,000 се е-списанија во целосен пристап (full text), голем дел се високонаучни цитирани списанија со фактор на влијание (импакт фактор), 300.000 е-книги, 100,000 биографии, над 140,000 документи, над 270,000 фотографии, мапи, знамиња и други документи.
Најголемата база на EBSCO, Academic Search Premier, содржи 8600 списанија во цел текст од кои 7500 се научни (peer reviewed), од кои над 1500 списанија ги поседува најзначајната светска база Citation Index и тоа над 800 наслови списанија од Science Citation Index ги содржи EBSCO, додека повеќе од 700 списанија во цел текст кои ги има базата Social Science Citation Index ги содржи EBSCO.
Пристапот до овие бази ќе овозможи подобрување на условите за работа на научноистражувачкиот кадар во Република Македонија како и приближување на резултатите од научноистражувачката дејност до светските научни достигнувања. Професорите и студентите на високо образовните и јавните научни установи ќе имаат on line пристап до високо цитирани научни списанија, со што ќе се постигне унапредување на квалитетот на високото образование, како и континуирано следење на најновите резултати од научно истражувачката дејност во светот.
EBSCO претставува водечки светски агрегатор на електронски бази и банки на податоци, основан во 1944 година, а годишната членарина за овие EBSCO базите изнесува 34.100 долари.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.fakulteti.mk
Датум на објава: 21.05.2012