Светски Познатата „Доминос“ Пицерија Конечно во Македонија

//Светски Познатата „Доминос“ Пицерија Конечно во Македонија

Светски Познатата „Доминос“ Пицерија Конечно во Македонија

„Доминос пица“, светскиот лидер во испорака на пици, ќе го отвори својот прв ресторан во Скопје во сабота, на 29. септември, во 19 часот, пишува плусинфо. Лоциран во центарот на градот, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, ќе ги испорачува пиците за помалку од 30 минути. Пиците ќе се испорачуваат во таканаречени „Heat Wave“ пакувања за да останат топли и свежи при транспортот, исто како да се послужени во ресторан.

Со отворањето на Скопје сити мол, на 4. октомври, ќе биде отворен уште еден ресторан на „Доминос пица“, но таму ќе нема услуга за испорачување. Сопствениците планираат во следните две години да отворат уште два расторана во Скопје, по еден во Аеродром и во Тафталиџе, како и уште еден во Охрид, кој ќе работи од први мај до први октомври.

Нарачките во „Доминос“ може да се прават и преку интернет, а набрзо, „Доминос“ Македонија ќе поддржува примање нарачки преку мобилен телефон преку iPhone, iPad, Android, како и преку новата Microsoft 8 платформа.

Квалитетот на пиците од „Доминос“ се должи на нивната уникатна подготовка и употребата на исклучиво свежи состојки.

„Доматниот сос се прави според тајниот рецепт без адитиви, феферонката зрее по природен пат во период од три недели за да го постигне совршениот вкус во комбинација со тајниот рецепт од билки, нискомасленото моцарела сирење и свежото тесто што се прави од жито одбрано од зрната на најтврдите житарки, се само дел од состојките што ги задоволуваат дури и најприбирливите. Користиме исклучиво квалитетни и свежи состојки, произведени ексклузивно за „Доминос пица“. Тестото се приготвува рачно секој ден во нашиот ресторан и се остава да отстои најмалку 24 часа за да стаса и да ја даде својата уникатна арома“,  велат од тимот на „Доминос“ во Скопје.

Синџирот ресторани „Доминос“ е основан во 1960. година. Преку неговите системи на франшиза, присутен е на 73 меѓународни пазари со повеќе од 10.000 ресторани. Секојдневно, ширум светот, повеќе од милион консументи уживаат во пицата „Доминос“.

„Доминос“ е признат во светот по својата брза и експедитивна испорака. Возачите на „Доминос“ поминуваат околу 10 милиони милји неделно само во САД, што е еднакво на 41 патувања до Месечината, велат сопствениците.
Секоја трета пица продадена во САД е на „Доминос“. Најдобриот мајстор за пици во „Доминос“, Пал Гревал, прави три големи пици за помалку од 40 секунди.

Освен пици, „Доминос“ е сериозен добавувач на пилешко месо, познато како кикерс, стриперс и бафало крилца, коишто се сите безбедни за децата затоа што гарантирано немаат ковчиња. „Доминос“ е познат по тоа што на своите клиенти им нуди најдобра вредност за парите, односно дава многу храна за платената цена.

Во 2011. година, „Доминос“ оствари глобална малопродажба од речиси 7 милијарди долари. Во мај 2011 година, Pizza Today го прогласи Domino’s Pizza за „ланец на годината“ по втор пат. Според магазинот „Форбс“,„Доминос“ е „Најдобра франшиза за цената“, односно најдобар бренд во областа на франшизите.

[custom_frame_center]Светски Познатата „Доминос“ Пицерија Конечно во Македонија[/custom_frame_center]

Превземено: www.bezpardon.mk

Датум на објавата: 27.09.2012

By | 2012-09-28T06:44:45+00:00 28/09/2012|Македонија|