Јана Бурчевска како несуден македонски Идол, и Тони Зен како хип-хоп идол на повеќето млади, снимија дует и спот. Младата поппејачка и раперот се споија во новата кампања на “Алкалоид” за младешката колекција за кожа”Јанг дерм”, која по 15 години се враќа на пазарот со нов дизајн.
Приказната на спотот е снимана на две локации, во замислената соба на Јана и во МКЦ на концертна сцена. Сценариото зборува за тоа како тинејџерката Јана сонува да стане славна пејачка. Нејзиниот музички идол е Тони Зен, со кого на крајот успева да запее во дует.
Покрај Тони и Јана во спотот се појавуваат и 50 статисти. Музиката за песната е на Јован Јованов, а текстот на Тони Зен, а продукцијата на проектото е на студиото “Вертиго вижуалс”.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вест
Датум на објава: 19.05.2012