Трошоците на живот, односно инфлацијата, се се пониски. Во март таа изнесуваше 1,4%, најмногу поскапи патувањето со воз за 50,9%. Бензините и другите нафтени деривати бележат пораст од 5,1%.
Инфлацијата во трите месеци оваа година станува се пониска и пониска. Мартовската е речиси двојно помала од февруарската. Од 2,9 се спушти на 1,4%. Во јануари изнесуваше најмногу 3,4%. Ваквите вредности засега се разликуваат од проекциите на Народна Банка според која инфлаторните движења ќе изнесуваат 2%. Владините анализи пак се задржаа на 2,5%. Толку за предвидувањата. Еве што регистрираа статистичарите.
Во март трошоците за живот во однос на февруари беа повисоки за 0,4%, ова се должи на повисоките цени на храната. Јајцата поскапеа за 11%. Овошјето, мастите, рибата, млекото исто така имаат повисоки цени. Најголем скок од близу 51 % имаа билетите за патување со воз. Одамна не е забележано овакво поместување кај овој вид превоз. И авионските билети поскапеа и тоа за 4,3%. Производите чиј растеж на цени секогаш се очекува со загрижувачко нетрпение, бензините и другите нафтени деривати имаа позитива од 5,1 %. Во март тие двојно поскапеа во однос на февруари.
Друга насока, минусна, инаше зеленчукот од 1,9%. Највисока годишна инфлација, последниве неколку години беше забележана во 2007 година, изнесуваше 6,1 %. Најниска, односно дефлација од минус 1,9%, беше нотирана во 2004 година.
Износот на инфлацијата во март, заедно со февруарските податоци за индустриското производство, со негатива од 8,8%, како и ланскиот раст на БДП од 3% го сочинуваат мозаикот на состојбите во македонската економија, која е на ударите на кризата во еврозоната.
httpv://www.youtube.com/watch?v=u_aHCBrKEBE
Превземено: МТВ1
Датум на објавата: 02.04.2012
Термин: 17.00 часот
Автор: Лилјана Алтипармакова