Возниот Ред на ЈСП Скопје на Вашиот Мобилен Телефон

/, Македонија/Возниот Ред на ЈСП Скопје на Вашиот Мобилен Телефон

Возниот Ред на ЈСП Скопје на Вашиот Мобилен Телефон

За еден месец на страницата на ЈСП „Скопје“ – Скопје ќе се постави апликацијата „Автобуско“, која овозможува добивање информации во врска со јавниот автобуски превоз во главниот град. Врз основа на моменталната локација на корисникот, апликацијата овозможува брзо и прецизно пристигнување до посакуваната цел. Апликацијата го прикажува возниот ред, следните автобуси на зададена станица во зададено време, станиците на сите градски и приградски линии на мапа…

„Автобуско“ е мобилна апликација која постои веќе една година и е развиена во периодот од jули за Андроид и oктомври за iOS верзијата од Мартин Анчевски, кој тогаш имал 22  и Нино Карас, 21 година. Ексклузивните права над оваа апликација ги откупи операторот  Т – mobile и ја инсталира на нивните Андроид уреди во Македонија. Во 2010 година Карас и Анчевски се пријавиле за учество во One Android натпреварот за развивање мобилни апликации, каде настапиле со апликацијата „Автобуско“. Својата компанија ја основале во април 2011 година, а сега фирмата има 12 вработени.

Наредниот период CodeWell за потребите на  ЈСП „Скопје“ ќе изработи веб апликација – планер за автобуски превоз во градот, која ќе ја содржи истата технологија, како и мобилната апликација „Автобуско“.

Идејата за креирање на оваа апликација е таа да овозможува планирање на патувањето со автобус со селектирање на почетната и крајната станица, а потоа системот самиот генерира решение кое му кажува на корисникот кој број на автобус да го одбере, дали и каде да промени.

[custom_frame_center]Возниот Ред на ЈСП Скопје на Вашиот Мобилен Телефон[/custom_frame_center]

Превземено: www.skopjeinfo.mk

Датум на објавата: 29.12.2012