Со летниот ред на летање, првпат се воспоставува авионска врска на Македонија со Брисел.
Од мај белгискиот авиопревозник „TUI Airlenes Belgium“ попознат како „JETAIRFLY“, почнува со редовен авиопревоз од Брисел двапати неделно.
Ќе лета на релацијата Брисел-Охрид-Скопје-Брисел секој вторник од 15 мај до 18 септември, како и секоја недела од 13 мај до 16 септември.
Со летниот ред на летање ЈАТ ерлајнс почна да сообраќа на релацијата Белград-Скопје-Белград и Белград-Скопје-Охрид-Белград.
Авиопревозникот „Бел ер јуроп“ ќе ги опслужува линиите од Скопје кон Рим, Анкона, Виена, Дизелдорф и обратно, „Аустријан ерлајнс“ Скопје-Виена и Виена-Скопје, „Кроациа Ерлајнс“ Загреб-Скопје и Скопје-Загреб.
„Адриа Ервејс“ ќе лета на линијата Љубљана-Скопје, Скопје-Љубљана, „Еделвајс“ на релацијата Скопје-Цирих, Цирих-Скопје.
„Виз ер унгари“ нуди авионски превоз од Скопје до Лондон и до Венеција и обратно, а „Туркиш Ерлајнс“ линијата Истанбул-Скопје, Скопје-Истанбул. На таа релација ќе лета и „Пегасус“, кој ќе сообраќа и на линијата Скопје- Измир, Измир-Скопје.
„Ер Берлин“ ќе нуди авиопревоз на релацијата Дизелдорф-Скопје, Скопје-Дизелдорф, а „Белер Ерлајнс“ на релацијата Цирих-Скопје, Скопје-Цирих.
Летниот ред на летање стапи во сила вчера, а ќе се применува до 27 октомври годинава.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.kurir.mk
Датум на објавата: 26.03.2012