Задругите се Враќаат во Аграрот

//Задругите се Враќаат во Аграрот

Задругите се Враќаат во Аграрот

Во Владата велат дека дури 70 отсто од земјоделците ќе пропаднат ако Македонија пред влезот во Унијата не го реши проблемот со раситнетото и непланско производство. Токму поради ова, годинава се одвоени 9,1 милиони денари за поддршка на земјоделците што ќе произведуваат во задруги.

Задругарството и кооперативите повторно се враќаат во македонскиот аграр. Според експертите, окрупнувањето на парцелите и меѓусебното здружување на фармерите е најбитната работа што треба да се направи во аграрот пред воопшто да се помисли за членство во ЕУ. Во земјава веќе функционираат петнаесетина кооперативи кои се формирани според Законот за задругарството. Меѓутоа, бројката е занемарлива ако се знае податокот дека во земјава има околу 60.000 земјоделци кои самостојно вршат дејност. Во Владата велат дека дури 70 отсто од земјоделците ќе пропаднат ако Македонија пред влезот во Унијата не го реши проблемот со раситнетото и непланско производство. Токму поради ова, годинава се одвоени 9,1 милиони денари за поддршка на земјоделците што ќе произведуваат во задруги.

Повеќе пари за здружување

Сите земјоделци што ќе решат да се здружат во кооперативи, годинава од државата ќе добијат одредена парична помош за покривање на дел од трошоците. Услов за тоа е да имаат изработена и одобрена програма. Четири милиони денари ќе добиваат задругите на кои ќе им се одобри програмата за работа до 31 мај годинава. Висината на финансиската помош ќе биде до 80 проценти од вкупните прифатливи трошоци за првата година. Секоја наредна од одобрувањето на работната програма процентот на поддршката се намалува за 20 отсто. Субвенцијата може да се добие и како авансно плаќање во износ од најмногу 40 проценти од прифатливите трошоци. Според Министерството за земјоделство, бенефитот е повеќекратен, најмалку 5 отсто пониски цени на репроматеријалите за членовите на задругата, поголема финансиска поддршка (кофинансирање за земјоделска механизација наместо регресирање на надоместокот за вода, за осигурување на посевите, како и платите на менаџерите на задругата во првите години). Предвидено е да има два типа задруги, од помал и од поголем обем, зависно од бројот на членови и од земјата што ќе се обработува. Лани за формирање нови и за одржување на веќе постојните конкурирале 12 земјоделски задруги. Пет од нив побарале пари за набавка на опрема за модернизација, а другите 7 за формирање нови и за почнување со работа на промотивните активности.

Земјоделците не сакаат да се здружуваат

Кооперативното здружување во Македонија засега е на многу ниско ниво. Од вкупно регистрираните 52 задруги активни се само 15. Повеќето производители се уште гледаат со сомнеж на задругарството, го поистоветуваат со периодот од 50-тите и 60-тите години на минатиот век кога им беа одземани имотите. Но, целта на задругите денес е производителот да има неприкосновено право на сопственост на земјиштето. Здружувањето практично се гледа исклучиво од аспект на економски интерес. Професорот Борис Анакиев вели дека македонското земјоделство има две сериозни задачи пред да почнат преговорите за влез во Унијата. Едната е да се надмине централизираното планско стопанство и да се развие пазарната економија, а втората е да се приспособи на регулативата на ЕУ.  Нашите земјоделци се скептични кон задругарството бидејќи старите задруги пропаднаа. Но треба да се фаворизираат различни форми на грулирање на земјоделците  на пријателска основа, преку набавка на заеднички средства за производство, здружување за ист вид производство  вели Анакиев. Земјоделците со своја приказна. За нив е нелогично тракторот што го купиле да му го дадат на соседот и тој да го користи.

Зедов кредит за да го купам. Која е логиката да им го дадам на десет луѓе да го користат без надомест. Ќе трае десетпати пократко  велат земјоделци од Скопско. Земјоделците признаваат дека експертите се во право и се плашат од фактот дека помалите производители ќе пропаднат ако не се здружат. Затоа тие предлагаат донесување закони што ќе предвидат здружување на земјоделците по разни основи.

Повеќето од нас имаат по хектар или два земја, а најмногу до пет хектари. Со толку земја не можеме да бидеме конкурентни. Речиси сите влади се свртени кон членството во НАТО и во ЕУ, а не ги гледаат последиците од тоа. Мора да се донесат закони за здружување  вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.

[custom_frame_center]Задругите се Враќаат во Аграрот[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 20.04.2012

Автор: Валентина Ангеловска

By | 2012-04-20T08:48:56+00:00 20/04/2012|Земјоделство|