Земјоделците не го Осигуруваат Родот, Пари Чекаат Само од Државата

//Земјоделците не го Осигуруваат Родот, Пари Чекаат Само од Државата

Земјоделците не го Осигуруваат Родот, Пари Чекаат Само од Државата

Македонските земјоделци не си го осигуруваат родот од природни катастрофи. Минатата година во една од четирите осигурителни компании кои нудат осигурување на посеви и плодови имало само 2.300 апликации. Земјоделците го обезбедиле родот од град, пожар и од гром. За осигурување од поплава, мраз и луња се доплатува посебна премија. Бројот на осигурани земјоделци е занемарлив во однос на бројот на регистрирани фармери, и упгге помал ако на нив им се додадат и оние нерегистрираните. Се жалат дека осигурувањето им е скапо, а откако ќе се соочат со поплави или град, очекуваат помош од државата.

Проблемот, според Федерацијата на фармерите на Македонија, лежи во неинформираноста и лежерниот присгап на производителите кон природните незгоди. Практиката за осигурување на посевот или плодовите додека се наоѓаат на нивите се уште им е туѓа на земјоделците, иако државната поддршка за оваа намена е висока.

„Размислувањата од типот годинава нема да падне град, или мене нема да ми се случи ништо нашите земјоделци треба да ги надминат и да го прифатат фактот дека осигурувањето е, пред се, во нивен интерес. Бидејќи штетите од еден град кај некои култури, на пример во лозарството или овоиштарството можат да бидат и повеќегодишни”, вели Андрија Секуловски, претседател на Федерацијата.

Тој посочува дека производителите многу често со право се жалат дека немаат доволно средства за да плаќаат и за осигурување, но сепак, доколку ги направат вистинските калкулации, ќе утврдат дека осигурувањето е нужно доколку сакаат долгорочно да го одржуваат квалитетот на производите што ги нудат на пазарот. Секуловски вели дека за малиот број осигурени земјоделци дел од вината има и кај осигурителните компании, кои немаат кампањи на терен, меѓу производителите. За нивно подобро информирање Федерацијата, заедно со Агенцијата за супервизија на осигурителните полиси ќе подготви информации за осигурителните пакети кои им се на располагање.

Според податоците на осигурителната компанија „Винер осигурување”, бројот на земјоделци осигуреници расте од година во година. Од компанијата очекуваат тој тренд да се задржи и во иднина како резултат на теренските кампањи кои ги организираат.

„Осигурувањето на посеви и плодови го осигурува имотот од град, пожар, удар од гром во целиот период додека плодовите не се собрани, односно ожнеани.

На пример, осигурување на еден хектар посеви и плодови чини околу 11.000 денари, од кои 60 отсто се покриени со субвенцијата на Владата. Тоа значи дека на земјоделецот му остануваат за плаќање само 4. 500 денари. Ако се пресмета потенцијалниот принос на таа површина земјипгге, и се одземе од него потенцијалната штета предизвикана од временска непогода, излегува дека осигурувањето не е скапо”, вели Татјана Ивановска, регионален директор за продажба во „Винер”.

Овој потег, нагласува Ивановска, ги елиминираше сите изговори околу осигурувањето на посевите и плодовите како голем финансиски товар за земјоделците. Мерката резултираше со поголема заинтересираност за земјоделското осигурување, а нејзиното значење е пред се долгорочно, од причина што ќе создаде навика за осигурување кај земјоделците.

,Досега земјоделците спиеја на тоа уво дека настанатите штети ќе бидат надоместени од државата и избегнуваа да купуваат полиса. Затоа, треба уште појасно да се испрати порака дека обеспггетување врши само осигурителна компанија, и тоа ќе го добие секој што купил полиса. Во таа смисла, нам, како компанија, приоритетна задача ни е да работиме на едукација на населението и подигање на свеста за неопходноста од квалитетното осигурување, посебно кога една непогода може да ви го уништи целогодишниот труд”, вели Ивановска.

Сите оние кои обезбедуваат егзистенција од земјоделството, да го осигураат својот труд и род, апелираше и заменикминистерот за земјоделство Зоран Коњановски во општините Дебарца и Струга, кои минатата недела беа погодени од невреме. На лозарите и овоштарите од селата Требеништа и Волино градот им уништи над 50 проценти од годинешниот род.

„Од она што го видов, може да се заклучи дека за само неколку минути се уништени околу 50 хектари лозови насади и исто толкава површина овоштарници. Апелирам до Оппггина Дебарца, колку што е поскоро можно да ја испрати на терен Комисијата за утврдување пггети и да отпочне постапката за обесштетување”, рече Коњановски и порача дека осигуреното е најсигурно. Тој ги потсети земјоделците дека им се враќаат 60 отсто од трошоците што тие ги издвојуваат за осигурување.

[custom_frame_center]Земјоделците не го Осигуруваат Родот, Пари Чекаат Само од Државата[/custom_frame_center]

Превземено: Утрински Весник

Датум на објавата: 14.08.2012

Автор: Сања Наумовска

By | 2012-08-14T12:34:51+00:00 14/08/2012|Земјоделство|