Зголемени Субвенциите во Земјоделството за 12 Проценти

//Зголемени Субвенциите во Земјоделството за 12 Проценти

Зголемени Субвенциите во Земјоделството за 12 Проценти

Годинава за 12% се зголемени субвенциите во земјоделството. Поголема подршка ќе добијат извозно ориентираните сектори, сточарството и градинарството. Фармерите веќе аплицираат во подрачните единици а рокот по нивно барање е продолжен до 31 јули.

Најголем дел или 3.5 милијарди денари се за растителното производство и 2.3 милијарди за сточарството. Нови мерки има и за зачуваните женски глави за зголемување на стадата во сточарството, а во градинарството, овоштарството и преработувачката индустрија во производството и во извозот.

Новина се и субвенциите од 2 денара за килограм предадено овошје во индустриските капацитети. Поголема е подршката и за употребата на сертифицираното семе и саден материјал за производството на добиточната храна и на пченка. За житните култури се предвидени 9 илјади денари за хектар или 6% повеќе од лани. Потоа дополнителни илјада денари за хектар, добиточна храна и пченка а за сончоглед и за ориз 3 илјади денари. Ќе се добиваат и 50% повеќе за доматите и краставиците и 15% за пиперките и компирите. За 12% е зголемена подршката во лозарството и во овоштарството. За 4% се зголемуваат и субвенциите за обележани глави и говеда а за женските и воведуваат дополнителни 1500 денари.

Субвенции од 2000 денари ќе има и за заклано говедо одгледано од октомври 2011 до април 2012. За 5% се зголемува подршката за обележани овци а со нови 700 денари за женско јагне. За 6% има и поголема субвенција за обележани кози а за женските глави и дополнителни 300 денари. Поголема е подршката и во свињарството и во производството на пилешко месо и заклани несилки.

Превземено: Македонско Радио

Датум на објавата: 25.06.2012

Термин: 15.30 часот

Автор: Методија Трајков

By | 2012-06-26T00:00:15+00:00 26/06/2012|Земјоделство|