Алкaлоид во ново партнерство со Црвениот крст

//Алкaлоид во ново партнерство со Црвениот крст

Алкaлоид во ново партнерство со Црвениот крст

„Алкалоид“ склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв, како и по натамош ното негово функционирање. Главна цел на обновениот центар е да се афирмира не само како место за дарување крв туку и како база за еду кација на потен цијалните крво дарители и заразменување меѓусебни идеи и искус тва во рамки на крводарителската дејност.

Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводари телството во македонски рамки беа пригодно одбележани со промовирање на ребрендира ниот дневен центар во просториите на домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Генералниот директор и претседател на „Алкалоид“, Живко Мукаетов,истакна дека му претставува особa на чест што компанијата што ја води е дел од хуманата мисијана Црвениот крст на Република Македонија. Мисијата на„Алкалоид“ е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќепомага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хuмана дејност од секојдневното живеење велат од компанијата.

Од Црвениот крст истакнуваат дека покажаната и докажана поддршка од„Алкалоид“ претставува пример за тоа како треба да изгледа и да функционира една општествено-одговорна компанија во вистинска смисла на зборот.

 

[custom_frame_center]Алкaлоид во ново партнерство со Црвениот крст[/custom_frame_center]

Извор: Нова Македонија

Датум на објавата: 18,03,2014

By | 2014-03-18T14:21:18+00:00 18/03/2014|Здравство|